Среќни желудници на повидок! Помина цела година, едвај успеавме да дочекаме, но тука е, време е и се радуваме повеќе од било кога! Со голем апетит ве известуваме дека се ближи стартот на нешто многу вкусно, нешто возбудливо, нешто со многу изненадувања!
Најслатки наши Групери, на 4ти јуни почнува НАЈГОЛЕМАТА КАМПАЊА ЗА ГУРМАНИ! #СкопјеГурман значи 100 вкусни зделки во 70 одбрани ресторани. Цел месец најдобрите специјалитети на попуст! ГРАДОТ ќе се претвори во најгурманско место со мени кои ќе ги полуди вашите сетила со разновидна домашна и интернационална кујна.
Оваа вкусна кампања прерасна во груперска традиција и 4ти пат по ред ќе ги понудиме најдобрите специјалитети по непобедливи цени!
Гурмански маратон старт: заокружи 4ти јуни!
„Недела на храна” е единствената кампања во градот која служи како гурмански водич. Откријте нови места во градот и нови вкусови или јадете го омилениот специјалитет на попуст! Следи месец во кој готвењето ќе биде ставено на мирување, па ве повикуваме да се препуштите на дегустирање! Цел месец ќе врне храна!
НАЈБОГАТО ГУРМАНСКО МЕНИ
Најголемиот водич на ресторани ќе понуди најбогато мени до сега со гурмански зделки за сечија душа во најдобрите ресторани, локали, барови, пицерии, кафани, сладоледџилници, кафулиња, fast food места и пекари и сите специјалитети ќе бидат по промотивни цени на попуст! Што има денес на менито?
ГЛАСАЊЕ ЗА НАЈДОБРИ РЕСТОРАНИ ️
Очекувајте врвна услуга и квалитетна храна, бидејќи рестораните се во трка за титула Најдобар ресторан во својата категорија. На крајот на кампањата, не заборавајте да го дадете вашиот глас за најдобрите кои ви приредиле вистинско гурманско искуство и ги надминале вашите очекувања.
ПОДАРОЦИ ЗА VIP ГУРМАНИТЕ!
Најгурманите, оние кои ќе пробаат најмногу вкусни гурмански задоволства, односно првите 10 кои ќе купат највеќе купони од Недела на храна ќе добијат специјални подароци! Купи си што повеќе купони од Недела на храна и стани си наш Групер VIP Гурман! Подароците се патувања во Грција за двајца, електрични апарати и други изненадувања.
ИЗНЕНАДУВАЊА
Oние кои нé следат знаат дека ниедна наша кампања не поминува без предизвици па така и оваа кампања ќе биде полна со изненадувања. Овојпат заедно со Mastercard ќе изненадиме многу Групери, затоа внимателно следете нé и подгответе се за возбудливо гурманско патување!
ДОНИРАЈ СО GROUPER И MASTERCARD
За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка ќе бидат донирани 2 денари на оние на кои им е најпотребно, во Банка за Храна. Всушност, вкупната сума која ќе ја собереме со ваша помош е бројот на купени купони со Mastercard x2. Да се обединиме и да помогнеме во целта „храна за сите” и да направиме навистина да врне храна овој месец!
Скопје, гурман ти ќе бииидеееш…по 4ти пат! ️
Симни Grouper мобилна апликација и искористи ги веднаш гурманските купони!
Се гледаме во некој од рестораните на #НеделаНаХрана,
поздрав од сектор за гастрономија и гурманологија на Grouper