Совети за поголемо уживање во “Недела на храна”

Секоја активност која ја креираме за вас, ја проследуваме со некој внатрешна игра или предизвик за да не се чуствуваме дека “нешто пропуштаме” 🙂 Плус, многу често добиваме прашања од типот “Добро вие во Grouper си купувате купони?” или агентите на пример би добиле прашање “А вие ги купувате зделките што ги склучувате?” и на се ова категорично одговараме едногласно ДА! Репер за ептен добра зделка е кога до 10:00 сабајле сите во канцеларија веќе ја имаме купено.

За Недела на Храна на пример си смисливме супер вкусна и друштвена тимска игра па еве на кратко да споделиме со вас, може ќе ве инспирираме како уште повеќе да ја уживате Недела на Храна со колегите, со пријателите или со фамилијата.

Што ни е играта?

  1. Во една кугла ги имаме имињата на сите членови на нашиот тим, а во друга кугла сите зделки од Недела на Храна.
  2. Секое сабајле влечеме 2 лифчиња од куглата со тимот и едно лифче од куглата со зделките. (добро не се баш кугли не се фаќајте за тоа, зелени шољи се)
  3. Среќните добитници си одат на пауза-ручек во извлечениот локал и си дегустираат нова храна, се дружат со колегата/колешката и прават по некоја фотка за да пратат до другите колеги слика во стилот “ние еовака” или “се погоди живеачката”…

И така секој ден до крај на Јуни решивме 🙂 А зошто да не и вие? Ако ептен немате кој да ви влече зделки, ние сме тука пишете ни и ќе ви одбереме каде да одите на blind deal. Или ако не ви е згодно да му ја предложите на шефот играва пишете ни негов email ние суптилно ќе му направиме inception т.е ќе му ја всадиме 🙂

Останете ни среќни и најадени,

Со љубов
Тимот на Grouper

Nina Angelovska

Nina Angelovska

Ко-сопственик на Grouper.mk