Современиот Дедо Мраз!

Времињата течат, работите се менуваат, нови технологии, нови трендови, мобилните веќе ги заменуваат десктоп уредите… таблетите ги заменија купиштата играчки, talking tom го замени чибичанот, децата не играат ни со виртуелни џамлии … а за тоа највеќе “жалат” родителите (жестоки дебати се водат дали детето да смее да гледа телевизија, да игра на таблет и колку време смее) додека на децата им е супер кул и уживаат додека растат со новите технологии.

Ве фати малку носталгија? Постојат 2 типа на луѓе во однос на тоа како ги перцепираат новите технологии и промените кои ги носи брзиот дигитален свет. Првиот тип се оние резистентните на промени што негативно гледаат на сите промени што се случуваат околу нас и сметаат дека “ништо повеќе не е како што беше”.. и ДА ништо не е како што беше – се е променето, живееме во друг свет, во брз свет, во дигитален свет! Вториот тип на луѓе се оние кои ги прифаќаат промените што ги носат новите технологии, се адаптираат и итат да се во тек и да ги искористат бенефициите кои се нудат.

Секако и двата типа на луѓе ги фаќа носталгија (првите повеќе) за одредени времиња и се навраќаат на убави спомени од минатото и во тоа нема ништо лошо. Сигурно и нашите деца ќе се навраќаат на убави спомени од нивното минато и ќе си раскажуваат како бркале покемони и како тоа било детство “а не ова денешново по цел ден да се играло со роботите и да се летало дронови”.

Поентата е дека што и да кажеме и мислиме ние, технологиите ќе продолжат да се развиваат, вештачката интелегенција ќе се развива и компјутерите ќе можат да не заменат во многу нешта. Вусшност најголемите промени се очекува допрва да дојдат до 2020 година. Како што има една изрека на Elon Musk која вели “Можев или да бидам дел од тоа или да гледам како се случува” – истото важи за сите.

santa-shopping-online2 Какви промени и да се случуваат една работа ќе остане иста, а тоа е дека “Животот е краток” затоа ваше е да одлучите да гледате позитивно на работите, да ги искористите новите технологии паметно во ваша полза, да спакувате подароци со љубов за празниците и да уживате со фамилијата, со пријателите, со најблиските, со колегите, со најмалите..И не заборавајте, ако Дедо Мраз веќе ги купува подароците онлајн, зошто и вие не би? На пример наместо да возите до некој трговски центар и да барате паркинг за тоа време може да си сварите греено вино, да седнете во згодната фотења во тренерки, да се опуштите и да уживате во изборот на најдобрите подароци по најдобри цени секако кај нас на Grouper.mk. Плус ако ви треба инстант подарок додека сте во движење тука е мобилната апликација со посебен прилагоден дел Подароци за најлесно да го најдете најсооветниот подарок.

Среќни празници,
Со полно срце и многу љубов и позитивна енергија
Нина Ангеловска и тимот на Grouper

Nina Angelovska

Nina Angelovska

Ко-сопственик на Grouper.mk