И ние веруваме дека среда е среќна и дека се што е убаво треба да почне во среда 😉 Епа Груперци, оваа Среда [25.04] започнува прекрасната патувачка акција Spring Spa&Relax Банско | Боровец | Благоевград за најпродаваните хотели низ Бугарија по најдобрите цени! Пролетта е најомилената сезона која сите нé возбудува и го користиме секој слободен ден за да “фатиме магла” негде далеку од градот и уживаме во природата. За да не се мислите каде за овој викенд, каде за 1ви Мај или каде за наредниот продолжен (екстра долг 24.05 – 27.05) викенд ние ќе ви дадеме идеја за КАДЕ + топ 5 причини ЗОШТО Бугарија е ОДЛИЧНА дестинација!
Плус остани до крај на објавата за да го откриеш и изненадувањето!
СТАРТУВАМЕ!
1. First things first – извонредно живописни планини и свеж воздух
За сите кои едвај го чекавме убавото време – планината е местото кое ќе ни ги разбуди сетилата. Уживајте во сонцето иако сеуште не е лето. По долгата зима, која најчесто ја поминуваме внатре во затворено копнеејќи по сонцето, планината е идеално место да уживаме во неговите прегратки. Легнете на тревата, затворете ги очите и свртете ја главата кон сонцето. Уживајте во топлината и чистиот воздух. Наполнете ги белите дробови со пролетната свежина и одморите ги очите покрај вода. Прочитајте некоја добра книга. Или само уживајте во долгите прошетки покрај Седумте Рилски Езера на планината Рила кои ќе ве шармираат со своите фантастични глетки. Вистинско светско чудо! PS: Не заборавајте да понесете фотоапарат со себе и да направите фотографии пред погледот да ви го одземе здивот.
2. Reality escape: Луксузен престој и релаксирачко SPA искуство
Бугарија ни нуди изобилство на лускузни хотели и сместувања со СПА центри. А нели, никогаш доста од СПА затоа што тоа е нашиот синоним за релаксација. Со повеќе од 700 природни извори на минерални и топла вода, Бугарија е рај за СПА центри познат уште од античките римски времиња. На пролет, планинските региони каде што се наоѓаат повеќето бањи се расцветани, додека врвовите на планините се сѐ уште покриени со снег. Рај за телото и душата. Дополнително оваа убавина ќе ја добиете по најдобри цени, ноќевањата започнуваат од 13 Евра! Extra tip: Со партнерот и чаша вино во раката заборавете на секојдневието и најдете ја вашата Зен точка. Уживајте во разни масажи и понуди, а големиот избор ќе можете да го разгледате ТУКА.
3. Автентично доживување за љубители на планинарење и велосипедизам
Тука започнува адреналинот за авантуристите на две тркала со изобилство од велосипедски патеки. Спремете ги ранците затоа што има патеки за планинарење кои ќе ве одведат до неверојатни планински глетки. Тука ќе ги откриете тајните на југозападниот дел на Бугарија каде што се најубавите планини – Рила, Пирин и Родопи. За најспремните и најиздржливите ве предизвикуваме да се искачите на Мусала – највисокиот врв на Балканот. И, ако прашате за омилена планина помеѓу народот, мнозинството ќе одговори – Пирин. Добропознатиот Банско, најголемиот ски ресорт во Бугарија, се наоѓа во Пирин и во себе крие совршен спој на природа, традиција, спорт, забава и вкусна храна.
4. Рајот за љубителите на розите
Долината на розата со својот главен град Казанлак еден од најголемите извозници на рози и масло од рози во светот. Доколку престојувате во текот на Јуни и сте расположени за поголема екскурзија, it is a must да го посетите овој регион, да уживате во глетката на илјадници пупки кои чекаат да расцветаат, да наберете букет рози и да впиете од мирисот. Само 249 km од Банско и 214 km од Боровец ве делат од еден сосема друг свет, и иако на прв поглед ви се чини далеку – верувајте, вреди за секој поминат километар. Не заборавајте тука да го вкусите познатиот локум од рози комбинирано со чаша вино од рози додека уживате во погледот, како и да понесете автентични производи од цветната Бугарија со себе.
5. EAT, PARTY, LOVE
Дали твоето нескротено авантуристичко срце не може да одолее на живописните планини, длабоки езера, нови доживувања но најважно – на највкусната од сите кујни? Дали и кај вас љубовта доаѓа преку стомакот? Тогаш посетете го Боровец кој ќе го надополни миксот од чисти воздух и диви планински терени со вкусна локална храна во големиот број на ресторани и со добра забава во локалните барови и дискотеки. Ќе се заљубите во секој момент поминат таму.
И за крај, најслаткото: имаме спремни над 100 брендирани подароци за вас патувачите!
Доколку купиш некоја од патувачките зделки со Mastercard картичка освојуваш подарок кој и те како ќе ти се најде за твоето релакс патување:
- за трансакција до 4.000 ден. – подарок маица (x50)
- од 4.001 ден. до 7.000 ден. – подарок термос (x20)
- од 7.001 ден. до 10.000 ден. – подарок ранец (x30)
- над 10.001 ден. – подарок куфер (x5)
Акцијата за подароците трае до истрошување на залихите.
Па, кој е твојот партнер за патување? Од 25.04 ќе можеш да одбереш понуда ТУКА, па испрати ја до друштвото и почни да го пакуваш куферот. Создади ново искуство и направи ја оваа пролет за паметење!
Веќе имаш повеќе од 5 причини за да уживаш во Бугарија!