Рано наутро е. Сé уште е тишина, јануарско утро, зимски ден. Сличен како оној зимски ден кога се роди Grouper на Градскиот плоштад во Скопје пред 9 години. ПРЕД 9 ГОДИНИ! Тогаш и не беше така тивко. Гласна беше возбудата за нашата нова приказна, гласен беше ентузијазмот за новите почетоци на нешто поинакво на нашиот пазар. Балони со топол воздух, снег, изненадени лица, стотици топли чоколада купени на попуст и започнавме!
240.000 корисници, 4000 соработници, 1000 искуства, безброј предизвици и 9 години подоцна се среќавме на исто место и се е многу различно. Пораснавме но сеуште растеме, созреавме но сеуште сме со љубопитен детски дух. Стигнавме до една точка од која сé тргнува и во која сé завршува. Точката која го сублимира сé она што значи Grouper за нас…за вас. Точката која е круг, а кругот е совршената форма која нема никогаш крај – непрекинатиот циклус на нашиот развој и нашето постојано учење.
Кон крајот на нашата прва декада од постоењето, на нашиот 9ти роденден го освеживме и апдејтиравме изгледот на нашиот и ваш Grouper и ви ја претставуваме нашата нова точка која за нас е почеток, наместо крај. Точка по која следи нешто ново. За нас оваа силна 9ка има големо значење и симболика, а 2020та допрва започнува со сите новитети кои сакаме да ви ги споделиме. Во ново се влегува подновен, освежен, подобар, подготвен.

Ова се нашите новoсти:
Grouper Shopping Mall
Нашата визија е да им помогнеме на сите да ja прифатат е-трговија и да започнат со продажба и купување онлајн. Низ 9 годишната работа и стекнатото знаење и искуство, ја креиравме визијата и сликата за сите потреби на еден е-трговец. Grouper Shopping Mall е резултатот на нашата работа и претставува сублимат на најдоброто од дигиталниот маркетинг и електронската трговија. Grouper Shopping Mall е платформа достапна за секој трговец кој сака на брз и ефикасен начин да добие своја онлајн продавница. “Grouper продавница” е ваша онлајн веб страна во склоп на “Grouper online shopping mall” со ваш брендинг на која може да ги објавите сите ваши производи по редовни или намалени цени, подредени во соодветна категоризација – со имплементиран платежен систем и платформа за процесирање на нарачки и испорака. Повеќе за Grouper Shopping Mall дознајте ТУКА

Grouper Маркетинг Агенција
Постојано инвестираме во едукација на пазарот и менување на mindset-от. Како резултат на успешните маркетинг кампањи во 2017 Grouper започна да испорачува дополнителни маркетинг услуги на своите клиенти. Денес Grouper работи како платформа за промотивни зделки, онлајн шопинг мол и компанија за консултантски маркетинг услуги.
Видео, дизајн, маркетинг стратегија, маркетинг на социјални медиуми, медиумски закуп се само дел од услугите што ги нудиме. Креираме прилагодени маркетинг пакети што ќе им помогнат на компаниите да ги достигнат резултатите кои ги посакуваат. Повеќе за нашата маркетинг агенција дознајте ТУКА
9 години Grouper – ЗЛАТНИ ЗДЕЛКИ
По повод нашиот роденден сакаме да го подариме најквалитетното и најбараното на попуст! Ја реализиравме едната од многуте, но и едната од нашите најпопуларни кампањи – ЗЛАТНИ ЗДЕЛКИ со премиум брендови и најдобри цени. Златните зделки се нашата роденденска традиција и немаат повеќе потреба од најава. Едноставно најдобро на попуст. Повеќе за Златни Зделки дознајте ТУКА

Се надевам ви се допаѓаат нашите новости и ви благодариме што сте нашата секојдневна мотивација! На здравје за нови почетоци, нови предизвици и Новата 2020-та!