Ден после нова година, свежо утро, соба со одвиткани подароци, музика од виенскиот концерт на телевизија, ти со нови планови и интенции за новата година. Да, денес започнува 2021 година!
Оваа година најголемиот подарок кој можеш да си го дадеш себеси е грижа за себе и своите најблиски.
Во 2021 ти посакуваме пред сè здравје, тоа е најголемиот подарок кој можеш да го добиеш.
2020та беше сè освен совршена, но едно научивме, здравјето e секогаш пред сè. Оваа година грижи се за себе, започни со вежбите кои ги одолговлекуваш долго време, направи нешто и за својата ментална благостојба, почни со поздрава исхрана, земај доволно одмор. Чувај се себеси и твоите најблиски.
Во 2021 ти посакуваме безброј убави моменти со најблиските.
Оваа година научивме колку се важни луѓето околу нас. Поминавме повеќе време заедно од вообичаено и сфативме колку всушност овие моменти се важни. Всушност сфативме дека порано не сме посветувале доволно внимание на семејството и најдобрите пријатели. Во 2021 бидете заедно и посвететете време на најблиските.
Во 2021 ти посакуваме многу прегратки.
Ти посакуваме многу љубов, љубов кон себеси, љубов кон фамилијата, пријателите, партнерот, љубов кон животните.
Во 2021 ти посакуваме да бидеш опкружен/а со позитивни мисли.
Доста читаш негативни вести, знаеме колку социјалните медиуми и вести знаат да бидат негативни, опкружи се со позитива и започни со позитивна промена на себеси.
Ние во Grouper посакуваме повторно да сме сите заедно, да имаме повторно тимски дружби како порано и уште многу нови заеднички проекти.
2020та дефинитивно не беше годината која очекувавме дека ќе биде. Се соочивме со многу предизвици и многу непредвидливи работи. Ние одлучивме да одиме напред, научивме многу и со нови сили ја дочекуваме 2021.