Среќни и наградени

Успешно ја финиширавме мисијата за ширење среќа, преку наградната игра “Среќни купони” и задоволни сме што донесовме насмевки на лицата на нашите корисници. Како што најавивме уште на почетокот, наградивме 11 луѓе, кои се покажа дека купиле купони со најголема карма 🙂 Се докажа дека Grouper купон чуда прави, па на еден највеќе му се посреќи да ја добие главната награда од 30.000 ден.

Наградната игра траеше три месеци каде учествуваа вкупно 4147 купони, а на крајот од првиот и вториот месец извлековме по пет купони т.е добитници на награди од 3000/5000 денари, додека на последното, главното извлекување беше извлечен еден корисник кој ја доби главната награда од 30.000 денари.

  • Добитниците од првото извлекување на 15.05.2015 на 5 награди од 3000 ден. проверете ги тука
  • Добитниците од второто извлекување на 16.06.2015 на 5 награди од 5000 ден проверете ги тука
  • Најсреќниот добитник на главната награда од 30.0000 ден. од третото извлекување на 17.06.2015 е Дејан Ивановски.

Секогаш сме поборници за фер игра и транспарентост, па затоа ги повикавме среќните добитници во нашите канцеларии да се запознаеме и секако да им ги врачиме наградите. Дел ни оставија доста креативни пораки, некои беа срамежливи, дел прилично изненадени и возбудени, но сите заедно среќни. Подолу ве запознаваме со дел од нив:

Секако ќе го издвоиме Дејан, со очигледно најсреќна ѕвезда, кој со задоволство го натеравме да се врати од летниот одмор и да го сподели своето Grouper искуство со нас.

srekjni-kuponi-3

За да ја овековечиме средбата, направивиме и кратко видео, па повелете ѕирнете го:

Добитникот на 30.000 ден. од наградната игра “Среќни купони”Нашето заштитно лице од наградната игра “Среќни Купони” го интервјуираше добитникот на 30 000 денари, Дејан 🙂

Posted by Grouper.mk on Wednesday, 29 July 2015

Сакаме да им се заблагодариме на добитниците и сите групер корисници кои учествуваа во наградната игра и кои постојано не следат и поддржуваат, а истовремено и инспирираат за сите креативни активности кои ги превземаме. Драго ни е што ве поттикнавме да ги купувате најдобрите зделки и да уживате во среќни моменти на релаксација, дружење, вкусен оброк или патување.

Честитки до сите и се гледаме наскоро со нови изненадувања! Дотогаш секојдневно прелистувајте ги најдобрите попусти на Grouper.mk 🙂

Dragana Gjokik

Dragana Gjokik

Маркетинг и продажба