Стекни нова вештина со нашиот онлајн LEARN-A-THON!

Во последнава година-дена “хакатоните” (HACK-A-THON) станаа многу популарни и кај нас (дури и Министерството за финансии минатата година организирше еден). Во суштина, хакатоните претставуваат настани во кои учествуваат програмери и други лица вклучени во развојот на еден софтвер (дизајнери, проектни менаџери и др. експерти) кои заедно соработуваат интензивно на одредено софтверско решение.

Ние во канцеларија празнично организиравме Team-a-thon на кој дојдовме до идејата да организираме еден Learn-a-thon. Во превод подготвивме еден THON зделки за онлајн курсеви за сите вештини што може да ви текнат и го нарековме GROUPER ОНЛАЈН LERAN-A-THON!

Инаку, Learn-a-thon е оптимизираниа сесија на учење на одредена вештина во која учесниците учат како веднаш да го аплицираат она што го научиле на ефективен начин. Нашата драга и најнова кампања ќе ви понуди се што ќе посакате да научите, од каде сакате, кога сакате, и со кого сакате и нормално по групер цена. Знаењето и способноста за учење е најважната особина на вработените во 21виот век, а денес барем е подстапно по ефтино да се научи нова вештина од било кога.

ezgif-4-efe55dca0a3f

Месец мај го посветуваме на трудот, на работата, на знаењето, на вечниот личен прогрес и напредок и најважно на пасијата за учење! Месец мај го посветуваме на тебе и твојот развој! Кој си ти?

  • Некој што сака да истражува и сака да направи некоја промена во живтот
  • Некој што долого мисли “незнам дали ова е за мене, дали ќе ме бива” или едноставно бара ново хоби
  • Некој што 3 години им се жали на другарите дека ќе даде отказ и ќе смени работа…
  • Некој што има другар што почнал да учи програмирање и му се чуди, ама потајно размислува дали да почне и он да учи нешто ново
  • Некој што е свесен дека учењето е најдобрата инвестиција што може да ја направи и не му треба да ги чита овие прашања
  • Некој што наместо ручек во кафана ќе реши да си купи онлајн курс за нова вештина

Ок, што имаме да понудиме?

На крајот на денот дечки, од секој од нас зависи како ќе одлучиме да си го користиме времето, со кој ќе се дружиме, колку ќе бидеме само-дисциплинирани.. што би рекол еден мој колега “Лесно е да успееш и Лесно е да не успееш, од тебе зависи.”.

Бидете добри, паметни и ако има некој курс што сакате да го видите, а сме го пропуштиле пишете ни.


Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper