naslovna-blog

Гласајте за нас ❤️

 

Секоја година ви покажуваме и докажуваме дека сакаме да напредуваме, дека секоја година ни е нов предизвик, а она што не води да одиме напред со голема желба и ентузијазам се секако нашите соработници и корисници. Наша цел е вашето задоволство и насмеани лица :)

(more…)

Прочитај Повеќе

travel-tuesday-blog

Travel Tuesday – за сите патувачи и истражувачи!

 

Точно е дека секој ден е перфектен ден за да отпатуваш некаде, но денешниот ден е перфектен ден за да најдеш зделка за патување по најниска цена. Знаеш зошто? Затоа што денес е Travel Tuesday. И секако Grouper и Mastercard се тука да те изненадат :)

(more…)

Прочитај Повеќе

black-friday-blog-slika

Black Friday [23.11.2018] – Возможна Мисија

„Секогаш изгледа невозможно додека не е направено“.

Ние во Grouper сакаме да веруваме дека не постојат невозможни мисии.  ДА, возможен е попуст до 90% и преку 1.000 зделки. ДА, возможни се над 140.000 дневни посети на сајт, над 27.000 продадени купони за една недела и возможно е овие бројки да бидат надминати затоа што ние веруваме во нашите соработници, веруваме во сите вас и во чудото наречено Black Friday. (more…)

Прочитај Повеќе

slika-za-blog-denovi-na-shtedne

Денови на штедење со екстра попуст [27.10-31.10]

 

31 Октомври – светскиот ден на штедењето е воведен во 1924 година на првиот интернационален конгрес на штедните банки во Милано со цел да се покрене глобалната свест за штедењето како мерка која сите треба да ја превземат за поквалитетен живот, а секако и ВИЕ ! emoji (more…)

Прочитај Повеќе

dasdsaad

Grouper Quiz: Дознај каков патувач си

Веќе знаете дека е во тек кампањата Дестинација Македонија и во канцеларија тоа ни е главна тема, само едно нешто не си кажавме – кои зделки се идеални за нас? Така и ми текна да го направам тестов и сите се смееме на резултатите, кој би рекол дека Вики е „романтичарот”, а Лина од маркетинг „сонувачот”?

Пронајди се во една од реченициве и откриј каков „travel” стил имаш

(more…)

Прочитај Повеќе

slika-blog-tetekst

ТЕТЕКС ПРЕДИЗВИК: Сподели фотографија и освој подароци!

Повторно на Grouper, зделката што ја обожавате, зделката која досега има продадено над 10.000 купони, зделката на која никој не успеал да одолее, зделката за највкусните ќебапчиња и бургери во градот, зделката во ТЕТЕКС!

Ја обожаваме и ние оваа Bestseller зделка која руши рекорди и за овојпат да биде уште поинтересно решивме да им подариме јаки подароци на дел од вас кои секогаш традиционално уживаат во овие превкусни специјалитети! Како ќе го направиме тоа? Преку ФОТО НАТПРЕВАР! Да се јаде бургер или ќебап прашање е сега!

(more…)

Прочитај Повеќе

blog-summer-sale

Summer Sale Weekend! Последна летна распродажба!

Многумина го чекаат летото, буквално од јануари! Планираме годишен одмор, сонуваме за раззеленети паркови, апостолки што дигаат прав по песочни плажи, свежи овошја и шарени зајдисонца! Ах, колку многу причини има да се сака летото… ама секогаш пред целосно да го почувствуваме, летнало додека да трепнеш!

За да ги испратиме топлите летни зраци, тимски решивме и оваа летна сезона да ја затвориме со најголемите финални попусти на одбрани зделки кои ни кажавте дека многу ви се допаднале! Сé од патувања за сите дестинации кои сé уште не ги посетивте, вкусни зделки кои сакате да ги „пробате“ веќе трет пат, масажи, производи, услуги доживувања и што уште не!

(more…)

Прочитај Повеќе

hrana-za-site

СкопјеГурман: последната најубава мисија! #ДонирамеЗаедно

Драги наши групер гурмани, официјално ја заокруживме кампањата #СкопјеГурман со последната најубава мисија!

Цело лето дегустиравме вкусни специјалитети,  доживувавме нови места и ги скокоткавме вашите очи, нос и уста со повеќе од 100 неодоливи јадења од повеќе од 70 најдобри ресторани во Скопје!

Под мотото „Храна за сите“, го претворивме Скопје во најгурмански град, а, дека крајот го краси делото, говори акцијата со која официјално ја завршивме овогодинешната #СкопјеГурман Недела на храна. Како што знаете, во текот на кампањата, со секоја трансакција направена со картичките на Mastercard дониравме по 2 денари, па така сите вие Mastercard купувачи станавте мали херои кои заедно направивте големо дело. Секоја чест, Групери! (more…)

Прочитај Повеќе

131-03

Гласање за најдобри ресторани! #СкопјеГурман

За време на #СкопјеГурман градот станува вистински повесел и пораздвижен! Нашите Групери го искусуваат градот со сите сетила, посетуваат места за прв пат и доживуваат нови вкусови, а секако сé ова по супер ниски цени! Оваа година подготвивме и вистинска мапа  со сите прекрасни ресторани од Недела на храна!

Очекувајте врвна услуга од нашите одбрани 70 ресторани и секако - квалитетна храна! И бидејќи Групер заедницата особено е пребирлива во однос на она што вкусно ќе добие со купон, решивме повторно да продолжиме со натпреварувачкиот дух меѓу рестораните и да им дадеме уште еден поттик да служат беспрекорно добра храна. (*Плус минатогодишните победници беа топ!)

И оваа година рестораните се во трка за титулата Најдобар ресторан во својата категорија! ГЛАСАЈ ТУКА.

(more…)

Прочитај Повеќе

donacii-blog

Храна за сите! Донирај со Grouper и Mastercard #СкопјеГурман

Веќе 3 дена се грижиме да сте најадени и задоволни со најголемата гурманска акција за храна во градот #СкопјеГурман, со 100+ вкусни зделки во 70 одбрани ресторани! Идејата на кампањата е Скопје да го претвориме во најгурманското место со најдобрите специјалитети на попуст, под мотото „Храна за сите!“

Понесени од тоа мото, во склоп на кампањата го креиравме и планот за донации! Заедно со вас и со Mastercard се надеваме дека ќе ја постигнеме целта на кампањата, а тоа е сите се бидат сити овој месец.

За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка ќе бидат донирани 2 денари на оние на кои им е најпотребно, во Банка за Храна. Всушност, вкупната сума која ќе ја собереме со ваша помош е бројот на купени купони со Mastercard x2.

(more…)

Прочитај Повеќе