blog_gurman_winners

Ова се 10те VIP Гурмани #СкопјеГурман

Драги гурмани, официјално и дојде крајот на нашата омилена кампања #СкопјеГурман. Успеавме да го претвориме јуни во месец на храната, продадовме рекодрни 20 000 купони и дегустиравме повеќе од 70 зделки. Пробавме најразновидна домашна храна и интернационална кујна – бургери, пици, скара, азиско, а секако имаше и вафли, сладолед, палачинки, крофни за сите љубители на благичко.

Паа, дечкии ајде заедно да “ја ставиме јаготката на шлагот”.  Ова се 10те најгурмани кои успеаа да дегустираат повеќе од 40 ресторани и кои си добија подароци.

(more…)

Прочитај Повеќе

blog_praznicni_zdelki

Празнични Викенд Зделки

Обожаваме викенди, особено кога се во празнична атмосфера, сонце, цвеќиња, убава храна и насмевки….Токму таков празничен Велигденски викенд ни претстои и од старт со сигурност ќе го окарактеризирмае како прекрасен и со сите други најубави епитети :) Прво затоа што е продолжен, затоа што ќе се дружиме со пријателите и фамилијата и ќе имаме можност да прошетаме и уживаме во убавото време, а трето и најважно затоа што ние Груперци како љубители на празниците и овој пат не пропуштивме да спремиме мало слатко празнично изненадување, што дополнително ќе ви го разубави викендот.

Во духот на Велигден, фарбањето јајца и чоколадните зајачиња продолжува и нашата традиција…. празничните зделки! Од 26.04 до 01.05 ви склопивме мини акција, со ЕКСТРА ПОПУСТИ! (more…)

Прочитај Повеќе

slika-blog-cashback-weekend

Викенд кој не се пропушта! Mastercard cashback на сé!

Епа драги наши Групери, се ближи крајот на специјалните Групер викенди полни со изненадувања! Сите до сега го следеа златното викенд правило “Кај и да си, за викенд на Grouper да си” и по 4 викенди подоцна, се продадоа рекорден број купони, Груперци си ќарија cashback во торбичка, ви дадовме екстра причини да се радувате за викенд и се поттикнаа двојно повеќе викенд насмевки!

Првиот викенд го почнавме празнично – велигденско – шарено, баш како што му доликува на еден старт! Вториот сите уживаа во специјалната продавница „Сé за 99 ден.“, третиот царуваа најпродаваните најјаки зделки по екстра ниски викенд цени и четвртиот се грижевме за вас и вашето здравје цели 5 дена! И најслаткото, 2 викенди по ред уживавте во cashback во торбичка, за секое купување на викенд зделките со Mastercard картичка! (more…)

Прочитај Повеќе

slika-blog

Нова сезона со нови очила на -50% од Dioptra Optics

Кај нас никогаш не е доста од попусти и заштеди, a како што одминува и последното тромесечие од оваа година, така се поблиску се приближуваме кон сезоната на огромни попусти, шопинг лудило и подарувања.

Еве токму од денес одбројуваме точно еден месец до Black Friday – празникот на попустите и најомилениот ден во годината за сите  Групери, зошто тогаш на попуст лудилото и непобедливите зделки им нема рамен. Па затоа, како најава за тоа што следи за триесетина дена од сега, ви представуваме што би рекле ние “боли глава” зделка (во превод: топ бренд и луд попуст) како мало загревевање на кое сигурно никој нема да остане рамнодушен.

(more…)

Прочитај Повеќе

Како да купите купон со платежна картичка

Купувањето купон е многу едноставно. Процесот на купување купон може да го погледнете на видеото.

Чекор 1: Најпрво доколку имате креирано профил, логирајте се. Доколку немате кликнете тука за процесот на регистрација.

Чекор 2: Најдете ја зделката што сакате да ја купите.

Чекор 3: Одберете платежен метод. Одберете Сите плтежни картички за било која картичка или опцијата Стопанска Банка доколку имате картичка на Стопанска Банка.

Чекор 4: Пополнете ги податоците од картичката.

Чекор 5: Купувањето е завршено. Доколку трансакцијата е успешна веднаш ќе бидете пренасочени на екранот со известување “Успешно ја купивте зделката”. Купонот го имате во секцијата Купони на Вашиот профил од каде може да го зачувате или испечатите.

Уживајте во зделката!

 

Прочитај Повеќе