20190204_212650

Искуството на новодојденец во Grouper тимот

Здраво дечки, јас сум Нена, најновиот член во тимот. Баш затоа што сум нова сите работи кои се случуваа периодов во Grouper ги искусив за прв пат.  А, зошто sharing is caring ќе се потрудам и во иднина повеќето случки да ги преточувам во пишани зборови (приказни) тука на овој блог, како би доловила дел од груперската атмосфера за оние кои сакаат да знаат повеќе.

А и мора да признаеме дека е интересно кога после 5 или 10 години се присетуваме на случки од минатото. Така мислам дека после години години ќе се сеќаваме на роденденскиот квиз кој го креираа Цуре и Лина кои слават роденден во исти ден со Grouper.

Јас како нов член научив многу работи за Grouper и луѓето преку квизот. Така дознав дека на Драгана првиот работен ден и бил 1ви април, па требало да дојде на работа маскирана. А, пак, поттикот за Grouper да се развие во успешен бизнис е благодарение на победата на Нина на изборот за најдобар бизнис план, кога имала само 21 година. Најмногу бодови на квизот носеше прашањето „Која е првата ever зделка на Grouper“, а исто така имаше и предизвици како „Да ja испееш цела На Black Friday сум се заљубил“.

(more…)

Прочитај Повеќе

500k-kupuvac-marija-naslovna-blog

Изненадување за купувачот на 500.000-иот купон!

Минатата недела, во средата (среќен ден), 24ти Август достигнавме ПОЛОВИНА МИЛИОН продадени купони!

По тој повод, го лоциравме купувачот на 500.000-иот купон и решивме да го пречекаме со изненадување во нашите канцеларии. За меракот при подготовка на подарокот биде уште поголем, ни се наполни душата кога видовме дека среќниот купувач е со нас од самите почетоци т.е. од 2011 година и до сега има купено 131 купон преку 55 зделки… и тоа од храна, здравје, убавина до роденденски прослави, најразлични производи за себе и за домот и патувања. (more…)

Прочитај Повеќе

blog-8mimart

9 причини зошто да подарите купон за 8ми Март?

Секој купува подарок за 8ми Март, бидејќи секој сака да подари внимание на една од своите сакани дами. Сите имаме мајка, или сестра, или пријателка, или тетка, или баба, или девојка, сопруга, колешка, вереница, комшика па и љубовница :) Нема шанси да поминете без најмалку еден подарок, а бројот може да се зголеми со геометриска прогресија во зависност од жените кои ве опкружуваат.

Прашањето е како да им посветите еднакво внимание на сите, без многу потрошено време, а сепак сите да добијат специјално одбран подарок? Со Grouper купон! Проследете ги 9те причини зошто е одличен избор да подарите купон за 8ми Март:

(more…)

Прочитај Повеќе

ubavina3

Групко во поход: “Mystery Shopping”

Често добиваме прашања од пријатели за тоа дали ги користиме зделките што ги продаваме. Одговорот е секако потврден, особено уживаме кога правиме mystery shopping на компаниите со кои соработуваме за квалитетот на услугата која ја даваат, односот на персоналот на соработниците и сл. Покрај тоа секако и нашиот тим истражува нови локали на попусти кои ги овозможуваме за сите наши корисници. (more…)

Прочитај Повеќе