grouper-gift-guide

Grouper Празничен Gift Guide

 

Следува најубавиот период  од годината, исполнет со многу забава, подароци, заеднички дружби со пријателите и семејството и празнична еуфорија која сите не прави возбудени, весели и насмеани. Ние во Grouper обожаваме изненадувања и подароци, па затоа традиционално секоја година со нетрпение ја очекуваме предновогодишната забава каде посебен акцент има празничната игра – Secret Santa што во превод би значело – Биди таен Дедо Мраз на твојот колега и изненади го со креативен подарок во согласност со неговиот карактер, хоби, сакања, стравови, хејтови, желби … Во тој контекст направивме кратка листа од топ седум предлози како да ги изненадите вашите блиски со подароци соодветни на нивниот карактер за празниците кои следат :)

(more…)

Прочитај Повеќе

black-friday-blog-slika

Black Friday [23.11.2018] – Возможна Мисија

„Секогаш изгледа невозможно додека не е направено“.

Ние во Grouper сакаме да веруваме дека не постојат невозможни мисии.  ДА, возможен е попуст до 90% и преку 1.000 зделки. ДА, возможни се над 140.000 дневни посети на сајт, над 27.000 продадени купони за една недела и возможно е овие бројки да бидат надминати затоа што ние веруваме во нашите соработници, веруваме во сите вас и во чудото наречено Black Friday. (more…)

Прочитај Повеќе

don

Донирај ЉУБОВ за Среќна 2018та

Периодот кој следи многумина го нарекуваат најубавиот, но и најдинамичниот дел од годината. Како наближува Новата година, така наближува и новогодишната еуфорија кај нас во канцеларија. Се спремаат новогодишни зделки и попусти, купони и договори летаат на сите страни, ама се наоѓа време и за китење елка, за колективно пиење на топло чоколадо, многу празнични плејлисти и официјалното вклучување на зелените сијалички во канцеларија.

(more…)

Прочитај Повеќе

slika-blog

Нова сезона со нови очила на -50% од Dioptra Optics

Кај нас никогаш не е доста од попусти и заштеди, a како што одминува и последното тромесечие од оваа година, така се поблиску се приближуваме кон сезоната на огромни попусти, шопинг лудило и подарувања.

Еве токму од денес одбројуваме точно еден месец до Black Friday – празникот на попустите и најомилениот ден во годината за сите  Групери, зошто тогаш на попуст лудилото и непобедливите зделки им нема рамен. Па затоа, како најава за тоа што следи за триесетина дена од сега, ви представуваме што би рекле ние “боли глава” зделка (во превод: топ бренд и луд попуст) како мало загревевање на кое сигурно никој нема да остане рамнодушен.

(more…)

Прочитај Повеќе

juhu3

Реакции кога подаруваш > Стварно #НеСиТребал!

Наоѓањето на соодветен подарок за сите сакани кои ги имате на листата за празниците може да биде вистински предизвик. Сите сакаме да даваме и да примаме подароци, (некои повеќе едното, некои другото) ама има некои ситуации во кои сите сме се нашле при овој процес на подарување.  Дали вие сакате да знаете искрено кога некому не му се допаѓа подарокот кој сте му го купиле? :) Дали ви пречи ако лицето сака да го замени подарокот?

(more…)

Прочитај Повеќе

more-planina3

Подаруваме! 2 викенд патувања за Море & Планина!

Ние во Grouper подеднакво ги сакаме и морето и плажата, и снегот и планината,  и летото и зимата! Секогаш се трудиме да понудиме патувања за сечиј вкус, а секако по најдобри цени за секој од вас да може да ужива на локација и хотел по сопствен избор, вкус и желби.

Подарувањето ни е слабост па овој пат за вас имаме 2 ВИКЕНД ПАТУВАЊА! Го затвараме летото со викенд патување на море во Грција и ја отвараме сезоната на планината со викенд во Банско. (more…)

Прочитај Повеќе

500k-kupuvac-marija-naslovna-blog

Изненадување за купувачот на 500.000-иот купон!

Минатата недела, во средата (среќен ден), 24ти Август достигнавме ПОЛОВИНА МИЛИОН продадени купони!

По тој повод, го лоциравме купувачот на 500.000-иот купон и решивме да го пречекаме со изненадување во нашите канцеларии. За меракот при подготовка на подарокот биде уште поголем, ни се наполни душата кога видовме дека среќниот купувач е со нас од самите почетоци т.е. од 2011 година и до сега има купено 131 купон преку 55 зделки… и тоа од храна, здравје, убавина до роденденски прослави, најразлични производи за себе и за домот и патувања. (more…)

Прочитај Повеќе

Grouper Book подарок

Искрено: еве како се роди идејата за персонализираниот Grouper Book

Сакам да споделам новина со вас, се однесува на еден поинаков и креативен начин на подарување. Но пред тоа морам најпрво да споделам како се роди оваа идеја.

Еден мој близок другар одлучи да се пресели во Амстердам. Нели нормално пред да си оди близок човек цело друштво му организира собиранки и смислува изненадувања (класика, најчесто изненадувањата се “опроштајни” кафани). Мене ми дојде идеја да му направам книга со Групер купони т.е. Grouper Book во форма на водич што да прави 1 недела пред да ја напушти Македонија. (more…)

Прочитај Повеќе