blog_nagradi_mastercard_naslovna

Најсреќните добитници на наградната игра Smart празници со Grouper и Mastercard

Кога ќе се спојат две супер сили како Grouper и MasterCard да организираат наградна игра, не може да се очекува ништо помалку од одлична акција, журка со конфети и луди награди како Samsung Galaxy S7 и iPhone7! Со други зборови, Go big or go home, а ние дома не си одиме пред да донесеме широки насмевки на нашите верни Grouper корисници.

Како што ветивме на почетокот на Наградната игра со MasterCard, на 23.01.2017 година, во Facebook емисија во живо, ги извлековме двата најсреќни Grouper корисници кои купувале зделки со MasterCard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 и им ги доделивме најдобрите смарт телефони во моментот. Извлекувањето беше во наш стил, возбудливо, гласно, весело, откачено, фер и транспарентно. Скандиравме Мите, па скандиравме Соња и едвај чекавме да ги запознаеме и да им ги врачиме наградите.

(more…)

Прочитај Повеќе

sovremeniot-grouper-dedo-mraz

Современиот Дедо Мраз!

Времињата течат, работите се менуваат, нови технологии, нови трендови, мобилните веќе ги заменуваат десктоп уредите… таблетите ги заменија купиштата играчки, talking tom го замени чибичанот, децата не играат ни со виртуелни џамлии … а за тоа највеќе “жалат” родителите (жестоки дебати се водат дали детето да смее да гледа телевизија, да игра на таблет и колку време смее) додека на децата им е супер кул и уживаат додека растат со новите технологии. (more…)

Прочитај Повеќе

598778_627819680609377_1442108178_n

Третата голема роденденска Групер прослава

Со повеќе од 1000 гости во целосно брендиран простор со доминација на зелената боја во City Hall, го прославивме третиот роденден. Уште поголемо задоволство ни беше што непосредно пред роденденот Групер беше одбран за Најдобар сајт за е-трговија во РМ за 2013 год. Традиционално на корисниците им беа доделени повеќе од 333 вредни подароци, во знакот на бројот 3.

(more…)

Прочитај Повеќе

timot

Secret Santa во нашите канцеларии

Сигурно сте слушнале за Американскиот интересен начин за размена на подароци помеѓу колеги во фирми т.н Secret Santa. Оваа година голем број на компании го применија овој начин а меѓу нив бевме и ние. Целта на играта е да му одберете поклон на колегата кој ќе ви се падне по случаен избор, со што ќе дознаете повеќе за него или ќе покажете колку добро ги знаете своите колеги.

После размената на подароци и подогувањето кој на кого му купил поклон, се упативме на пиење и славење како што е редот во Клуб ресторанот МКЦ. Еве сме во весело издание :)

Прочитај Повеќе

torta-grouper

2ра Роденденска прослава на Групер

nagrada-rodenden-auroraНад 1000 гости во “Ragusa”, одлична музика, многу подароци и добра забава го одбележаа нашиот втор роденден. Слично како и првиот роденден а сепак со различен концепт доделивме овој пат над 200 подароци за гостите. Роденденската Групер зделка овој пат беше грепка со која за 30 ден. корисниците добиваа пијалок и плус можност да изгребат една од над 200те награди.

Како поминавме во кратки црти на видеото подолу.

(more…)

Прочитај Повеќе

kolacinja-grouper

Првиот роденден на Групер

На 21 Јануари 2011 година го прославивме првиот роденден од постоењето на првиот Македонски сајт за групни попусти Grouper. По тој повод одлучивме да направиме голема роденденска забава каде ќе ги поканиме сите наши корисници и соработници за заедно да го прославиме минатогодишниот успех кој секако заедно со Вас го постигнавме.

(more…)

Прочитај Повеќе