glasanje_blog_winners

Ова се најдобри ресторани од #СкопјеГурман2019

Дечки на нашата омилена кампања и дојде крајот, но вкусните зделки од повеќе од 60 ресторани сеуште ни се во срцето. Одбраните ресторани успеаа да ни приредат незаборавно гурманско уживање, врвна услуга и секако насмевки на лицата.

Откривме нови места, нови вкусови, имавме шанса да дегустираме и благо и солено, и што е уште поинтересно, да  гласаме за нашиот омилен ресторан и да ги избереме најдобрите скопски локали во различни категории.

Е па, ајде да видиме каде има највусна пица, паста или десертче мх мх…

(more…)

Прочитај Повеќе

blog_gurman_winners

Ова се 10те VIP Гурмани #СкопјеГурман

Драги гурмани, официјално и дојде крајот на нашата омилена кампања #СкопјеГурман. Успеавме да го претвориме јуни во месец на храната, продадовме рекодрни 20 000 купони и дегустиравме повеќе од 70 зделки. Пробавме најразновидна домашна храна и интернационална кујна – бургери, пици, скара, азиско, а секако имаше и вафли, сладолед, палачинки, крофни за сите љубители на благичко.

Паа, дечкии ајде заедно да “ја ставиме јаготката на шлагот”.  Ова се 10те најгурмани кои успеаа да дегустираат повеќе од 40 ресторани и кои си добија подароци.

(more…)

Прочитај Повеќе

skgrmn_blog

#СкопјеГурман ти ќе бидеш – 5-та година по ред!

ДОАЃА СКОПЈЕ ГУРМАН! Со нетрпение ја очекуваме и секој ден се повеќе зборуваме за неа бидејќи оваа година е посебна. Оваа година славиме ЈУБИЛЕЈНА 5-та ГОДИНА!

5-та година од единствената, долгоочекувана, најголема и највкусна кампања посветена на храната и на сите најголеми гурмани. 5-та година со најдобри специјалитети за сечиј вкус, најдобар избор, најголемо гурманско мени и тоа по непобедливи цени!

Месец јуни го претвараме во месец на храната, месец во кој ќе откриете нови места и нови вкусови или ќе го јадете омилениот специјалитет во градот на попуст!

СТАРТ: 5 јуни

Значи дечки, следи месец во кој готвењето дома го ставаме на ПАУЗА и одиме во преку 70 ресторани во градот да дегустираме, да пробуваме разновидна домашна и интернационална кујна со најдобри попусти!

(more…)

Прочитај Повеќе

nedela-na-hrana-2018

Стартува најголемата кампања за храна во градот! #СкопјеГурман

Среќни желудници на повидок! Помина цела година, едвај успеавме да дочекаме, но тука е, време е и се радуваме повеќе од било кога! Со голем апетит ве известуваме дека се ближи стартот на нешто многу вкусно, нешто возбудливо, нешто со многу изненадувања!

Најслатки наши Групери, на 4ти јуни почнува НАЈГОЛЕМАТА КАМПАЊА ЗА ГУРМАНИ! #СкопјеГурман значи 100 вкусни зделки во 70 одбрани ресторани. Цел месец најдобрите специјалитети на попуст! ГРАДОТ  ќе се претвори во најгурманско место со мени кои ќе ги полуди вашите сетила со разновидна домашна и интернационална кујна.

(more…)

Прочитај Повеќе

foto_natprevar_blog

Фото натпревар #НеделаНаХрана за Делимано подароци!

GROUPER  е секогаш за натпревар, за конкуренција, за добра фотка и за подароци!

За Недела На Храна да биде уште повозбудлива и послатка, за гурманите со натпреварувачки дух најавуваме #СкопјеГурман & #delimanomk Фото натпревар на Facebook и Instagram кој ќе трае до 15.07.2017! (Види го минатагодишниот contest ТУКА)

Ако во ресторан едвај го чекаш јадењето за да го сликаш и собираш лајкови со омилената паста, ова е предизвик за тебе… (more…)

Прочитај Повеќе

nedela-na-hrana-blog

Скопје Гурман ти ќе бидеш! Стартува #НеделаНаХрана

Дали конечно дојде Јуни? Дали е веќе 5ти Јуни и дали е време за Недела На Храна на Grouper?

Да! Помина цела гладна година, но тука е, време е и конечно ја дочекавме највкусната Груперска акција, кампањата за гладни, стрвни, гурмани, јадачи, ресторанџии, кафанџии и дегустатори.

Слатки и солени наши Групери, на 5ти јуни почнува НАЈГОЛЕМАТА КАМПАЊА ЗА ГУРМАНИ ВО ГРАДОТ која ќе го претвори Скопје во најгурманско место за дегустација, со преку 50 врвни ресторани кои ќе понудат над 100 гурмански зделки по најдобри цени и ќе ги полудат вашите сетила со разновидна домашна и интернационална кујна. Значи од 5ти јуни ем нема готвење ем има јадење и избор – се што може да се посака!

(more…)

Прочитај Повеќе

Таблата во офис

Совети за поголемо уживање во “Недела на храна”

Секоја активност која ја креираме за вас, ја проследуваме со некој внатрешна игра или предизвик за да не се чуствуваме дека “нешто пропуштаме” :) Плус, многу често добиваме прашања од типот “Добро вие во Grouper си купувате купони?” или агентите на пример би добиле прашање “А вие ги купувате зделките што ги склучувате?” и на се ова категорично одговараме едногласно ДА! Репер за ептен добра зделка е кога до 10:00 сабајле сите во канцеларија веќе ја имаме купено. (more…)

Прочитај Повеќе

750

Grouper ТОП најпродавани зделки за 2014

Топ 5 филмови за 2014, најдобрите 10 запросувања, 5 најслушани песни, најпребарувани зборови на Google, топ 15 моменти во 2014… Бидејќи овој период од  годината е резервиран за сумирање на сработеното, ние ги споделуваме Grouper ТОП најпродаваните зделки за 2014 со вас.

(more…)

Прочитај Повеќе

Print

Grouper Недела на храна

По речиси 4 годишно постоење нашата политика за објава на зделки, ако сте забележале, е секогаш да понудиме разновидност. Односно во текот на една недела се трудиме да понудиме најразлични зделки во различни категории. Така на пример зделките на храна и пијалок се присутни со 1 зделка неделно најчесто. По еден гладен “brainstorming” на нашиот тим, дојдовме до идеја да направиме нешто поразлично – да ви понудиме храна и само храна оваа недела. Заборавете на готвење оваа недела и препуштете се на Grouper гастрономските искуства за сечиј вкус. Ви откриваме дел од зделките:

(more…)

Прочитај Повеќе