blog-naslovna-timbilding

#ЗајакниГоТимот со Grouper! Нова кампања за компании и тимови

“Во 1 час игра можеш да научиш повеќе за човек отколку во една година зборување

Често се прашувам зошто постојат толку студии кои ја истражуваат корелацијата помеѓу среќни вработени и ефикасност, продуктивност и мотивираност на работното место. Мислам дека тоа е само по себе факт. Во канцеларија секоја втора среда имаме #HappyWednesdayTalks кога или ни доаѓа гостин или гледаме видео и го дискутираме. Минатата го гледавме легендарниот Shawn Ancor - “Среќната тајна за подобра работа”, кој што btw зборува подeднакво брзо колку нашата шефица и кој тврди дека тајната за среќна работа е позитивна психологија. 90% од нашата внатрешна среќа не зависи од екстерниот свет туку од тоа како ние ги перцепираме работите. Само 25% од перформансите на вработените се базирани на IQ, 75% се базирани на нивото на оптимизам, поддршката од окружувањето  и способноста да го гледаме стресот како предизвик, наместо како закана!  (Обавезно препорачувам да го изгледате видеово заедно со колегите и шефовите/директорите.)

(more…)

Прочитај Повеќе

blog_nagradi_mastercard_naslovna

Најсреќните добитници на наградната игра Smart празници со Grouper и Mastercard

Кога ќе се спојат две супер сили како Grouper и MasterCard да организираат наградна игра, не може да се очекува ништо помалку од одлична акција, журка со конфети и луди награди како Samsung Galaxy S7 и iPhone7! Со други зборови, Go big or go home, а ние дома не си одиме пред да донесеме широки насмевки на нашите верни Grouper корисници.

Како што ветивме на почетокот на Наградната игра со MasterCard, на 23.01.2017 година, во Facebook емисија во живо, ги извлековме двата најсреќни Grouper корисници кои купувале зделки со MasterCard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 и им ги доделивме најдобрите смарт телефони во моментот. Извлекувањето беше во наш стил, возбудливо, гласно, весело, откачено, фер и транспарентно. Скандиравме Мите, па скандиравме Соња и едвај чекавме да ги запознаеме и да им ги врачиме наградите.

(more…)

Прочитај Повеќе

blog_zlatni_zdelki_2017

6 години GROUPER – Златни зделки Vol.2

Grouper наполни 6 години! 6 години напорна работа, тимски дух, предизвици, 6 години грижа за нашите корисници, најголеми попусти, непобедливи зделки, нови искуства, 6 години влијание врз е-трговијата на Македонија, 6 години непрекината пасија, љубов и мотив за да бидеме најдобри за вас! За овие 6 години прераснаваме во големо семејство од 130.000 корисници и над 2000 соработнци. За 6 години освоиме 9 награди за Сајт на Годината, ама најголемата награда од сé ни била и ќе остане задоволството на нашите корисници. (more…)

Прочитај Повеќе

cashback-design

6 години Grouper – 6.6 % cash back со Mastercard!

Празниците поминаа, но кај нас подарувањето не застанува! На 23ти јануари ќе ги извлечеме добитниците од Наградната Игра со Mastercard. Двајца среќни корисници кои купувале Grouper зделки со нивните Mastercard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 ќе добијат еден од двата смартфони  iPhone 7 и Samsung Galaxy S7! Извлекувањето ќе биде во живо во 18:00ч и ќе може да го следите на нашата Facebook страна.

За среќата да биде поголема наградната игра ќе ја завршиме со специјална Cash Back акција со Mastercard. Бидејќи на денот на извлекувањето го славиме и 6тиот роденден на Grouper на 23.01 и на 24.01.2017 за сите купени купони со Mastercard ќе добиете 6.6% Cash Back. Ова е нашиот начин да ве почастиме за нашиот 6-ти роденден!

Купувајте на Grouper со Mastercard картичка на 23.01 и на 24.01.2017 и 6.6% од потрошената сума за купените зделки ќе ви биде вратена на Вашиот Grouper профил!

(more…)

Прочитај Повеќе

najdobar-sajt-grouper2016

Благодарност од тимот на најнаградуваниот и најдобриот сајт за е-трговија

Во саботата (24.12) традиционално се одржа манифестацијата Сајт на годината, оваа година 7ма по ред, каде се доделуваат награди на најдобрите сајтови во различни категории за годината која изминала. Со гордост сакаме да споделиме со вас дека Grouper.mk e официјално сајтот кој освои најголем број на награди! Оваа година за прв пат освоивме 4 награди во 4 категории и тоа: (more…)

Прочитај Повеќе

500k-kupuvac-marija-naslovna-blog

Изненадување за купувачот на 500.000-иот купон!

Минатата недела, во средата (среќен ден), 24ти Август достигнавме ПОЛОВИНА МИЛИОН продадени купони!

По тој повод, го лоциравме купувачот на 500.000-иот купон и решивме да го пречекаме со изненадување во нашите канцеларии. За меракот при подготовка на подарокот биде уште поголем, ни се наполни душата кога видовме дека среќниот купувач е со нас од самите почетоци т.е. од 2011 година и до сега има купено 131 купон преку 55 зделки… и тоа од храна, здравје, убавина до роденденски прослави, најразлични производи за себе и за домот и патувања. (more…)

Прочитај Повеќе

Таблата во офис

Совети за поголемо уживање во “Недела на храна”

Секоја активност која ја креираме за вас, ја проследуваме со некој внатрешна игра или предизвик за да не се чуствуваме дека “нешто пропуштаме” :) Плус, многу често добиваме прашања од типот “Добро вие во Grouper си купувате купони?” или агентите на пример би добиле прашање “А вие ги купувате зделките што ги склучувате?” и на се ова категорично одговараме едногласно ДА! Репер за ептен добра зделка е кога до 10:00 сабајле сите во канцеларија веќе ја имаме купено. (more…)

Прочитај Повеќе

Ана чита поезија

Grouper готви со #РетвитниОброк

Поезија за неуморниот тим на аматери готвачи #РетвитниОброк

Дечки и девојки,
вие аматери готвачи,
вие хумани души големи

Веќе година дена готвите,
срцата ни ги топлите

Храна на сите ни годи,
а нас попуст од рака ни оди,
така Grouper Недела на Храна се роди

Ќе готивме од душа со вас,
и ќе ве носиме на ручек со нас
Гурмански купони ќе ви подариме,
за ова добро дело да ве наградиме

Да сецкаме кромид со вас ич не ни е мака,
Тимот на Grouper ве сака!

(more…)

Прочитај Повеќе

sudija

Тим билдинг игра т.н. “Војниците на Самоил”

Одењето на тим билдинг патувања некако ни е традиција и тоа не еднаш туку два пати годишно, и зима и лето (а разлислуваме да поднесеме предлог закон за задолжително организирање тимски дружења на 2 месеци). Накратко, тоа се одлично испланирани три дена каде 24h ги зајакнуваме, градиме или доградуваме нашите пријателски односи и колегијални врски, каде со сигурност ги запознаваме сите неоткриени таленти на нашите колеги (посебно поттикнати од мастерот т.н алкохол), каде се раѓаат најдобрите out of the box идеи, се шират шеги што се користат до следната дружба и секако како што и самото име кажува задолжителното ги “билдаме” стомачните мускули од смеа :) (more…)

Прочитај Повеќе

nagradna-igra-srekni-kuponi-blog

Наградна игра “Среќни Купони”

Среќа е многу често проучувана тема, ќе речете можеби е дури клише, ама не може да се оспори дека е главен мотив на постоењето – да бидеме среќни. Некој рекол дека среќа е кога она што го мислиш, кажуваш и правиш се во меѓусебна хармонија. Среќа е состојба на умот која се дефинира со позитивни емоции. Сепак, наместо да ја дефинираме среќата, ајде да ја поттикнеме. Нашиот тим размислуваше како се поттикнува среќа и дојдовме до некои заклучоци, меѓу кои:

(more…)

Прочитај Повеќе