Патувај безбедно и комфорно со АМСМ картичката што те движи напред!

Бидејќи прогнозите велат дека ќе имаме продолжено лето, ние продолжувам да бидеме поприлично активни во кроење планови кај да се оди за викенд, продолжен викенд или пак можеби целосен одмор.

Од досегашните наши размислувања, сите идеи и патишта водат накај одење на нови авантури и дестинации за одмор кои најпаметно и најдобро се истражуваат со автомобил, затоа што сакаме целосно доживување на нашата следна патувачка авантура.

Па знаејќи го овој факт, решивме го консултираме АМСМ, дефинитивно најдобриот, најсигурниот и екстремно доверлив партнер на сите патувања да ни помогнат во нашата мисија – Како да имаш безбедно и комфорно летно патување со автомобил? Одиме со ред!


Одбери дестинација!

Прво нешто што треба да направиш е да ја одбереш дестинацијата кај што сакаш да патуваш. Имаш среќа дека си на право место! 

Без разлика дали сакаш да одиш на морско разладување во Грција, прошетка низ убавините на Бугарија или пак евентуално мини турнеја низ Македонија, на Grouper ќе најдеш сѐ што ти душа сака. Оди, прошетај се до www.grouper.mk, слободно кажи си “да разгледам, ќе се вратам”, врати се и резервирај ја твојата следна летна авантура!


Стани член на АМСМ!

Океј, да претпоставиме дека ја одбра твојата омилена летна дестинација, тогаш следно на агендата е – Како да обезбедиш сигурна и безбедна патувачка атмосфера за тебе и твоите сопатници? Да не лутаме со мислите, веднаш ги прашавме АМСМ што имаат на понуда.

Океј, и што нудат? Епа, ако сакаш да имаш бесплатна помош на пат, бесплатен превоз на возило – шлепување (не дај боже да ти затреба), 24/7 контакт центар, бесплатна проверка на возилото, попусти, поволности и уште многу други работи, тогаш твоја задача е да станеш член на АМСМ, без разлика дали ќе патуваш низ Македонија, во странство, АМСМ ти стојат на располагање. Во превод, што и да се случи, сигурно и безбедно ќе стигнеш до твојата дестинација… секако, со АМСМ. 

Но, тоа не е сѐ! Како резултат на договорот за меѓусебна соработка помеѓу АМСМ и Шпаркасе Банка, пред извесно време беше лансираа уникатна кобрендирана VISA Cashback кредитна картичка за физички лица со која добиваш: 

  • Поврат на средства преку Шпаркасе Банка еднократно во износ од 1.500 денари за минимален направен промет од 30.000 денари за период од три месеци со АМСМ кобрендираната кредитна картичка;
  • Плаќање на рати без камата кај трговците со кои Шпаркасе Банка има склучено договор 
  • бесплатна помош на пат во земјава и странство и
  • кредитен лимит до 180.000 денари.

П.С. За само 200 денари за VISA АМСМ Classic и 300 денари за VISA АМСМ Europe Premium добиваш 100% безбедно и 100% опуштено патување во земјава и странство.

Не чекај, аплицирај тука!


  1. Провери го автомобилот!

Трета ставка во твојот список со работи што треба да ги направиш пред да тргнеш на патување е – техничка проверка/сервис на твојот автомобил
Каде? Се разбира во АМСМ, најверниот партнер на твоите патувања кој децении наназад нуди професионална сервисна услуга која гарантира 100% безбедност на пат + интересен попуст за АМСМ членовите. Оди па не патувај!


  1. Осигурај си го патувањето!

Како за крај, така фино спакуван и опремен со позитивни мисли, немој да заборавиш да си ја осигураш твојата следна патувачка авантура за мирна глава и безгрижно патување.

Дестинација

АМСМ членство

Сервис

Осигурување

Позитивни мисли и адреналин ✅

Сега знаеш дека си спремен/спремна за твојата следна летна авантура!

Клик! Бум! Трас! Запознај го Ananas!

Замисли си ја следнава реална и поприлично секојдневна животна ситуација: седиш на телефон, скролаш по нет, гледаш мал милион работи, скоро-па-сѐ ти фаќа око, се нахајпуваш да нарачаш нешто, но… се соочуваш со следниве препреки: царина, прескапо, нема на залиха, нема опција – достава до Македонија, и да ја има ќе треба да чекаш едно пола живот и слично.

Искрено, сосема те разбираме! Но, после читање на овој текст (барем така веруваме) ќе имаш на располагање (24/7) сигурна, брза и богато опремена онлајн платформа за е-трговија која се одзива на името Ananas! Кажи му “здраво” на најголемиот балкански шопинг мол, ā на нет.

Океј, зошто Ananas?

Легитимно прашање! Се работи за сигурна и доверлива онлајн платформа која ги поврзува купувачите и продавачите на уникатен начин, преку промоција на четири основни постулати и причини поради кои постои Ananas:

  • Широка палета на производи
  • Брза и промо бесплатна достава
  • Безбедно плаќање
  • Јаки попусти и
  • Лесно враќање на производите

Нашето мото: “Купувачот е Крал и секое негово позитивно искуство за нас е еднакво на победа” 

Ananas

Добро, сега имаш некоја генерална претстава за што се работи, ајде сега да прејдеме на подробно објаснување на секоја точка одделно.


Широка палета на производи 

Шопинг мол, ā на нет! Без разлика дали ти треба нов телевизор, тросед за разубавување на твојот двор или сериозно квалитетни препарати за убавина и нега, Ananas ти нуди вистински широка палета на производи (повеќе од десетици илјади производи) од 80+ трговци на едно место со само еден Клик! Бум! Трас! Во превод, можеш да најдеш од пиле млеко.


Брза и промо бесплатна достава

Бираш споро, ā пристигнува наскоро! Оваа реченица е она што го прави Ananas потенцијален МВП во светот на македонската е-трговија. Се работи за Ananas директ или брз и крајно ефективен процес на складирање, пакување и испорака на твоите одбрани производи од магацините на Ananas до посакуваната адреса.

Покрај оваа супер експедитивна опција, постои и регуларниот начин на достава до адреса (рок на достава 6-9 дена), што е повторно најбрзо што е можно кај нас.


Безбедно плаќање

Оставањето на твојата кредитна картичка на Ananas = како да ја оставиш во новчаник! Во превод, немај гајле, никој никогаш нема да ти ја злоупотреби твојата доверба затоа што твоите доверливи информации кои ги пренесуваш на Ananas се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со помош на протоколот SSL и системот PKI, моментално најсовремената криптографска технологија достапна на пазарот.


Јаки попусти

Не е Grouper и да купуваш сѐ на попуст, но затоа можеш да најдеш што ти душа посака и мозок замисли, а кога ќе најдеш попуст, попустот го менува (на позитивно) целото твое шопинг искуство. Без пропусти, најголеми попусти! Клик! Бум! Трас! Само на Ananas. 


Лесно враќање на производите

Лесна рекламација, ā не секирација! Па нема поубаво. Си наоѓаш нешто што на прва ти изгледа како полн погодок, го нарачуваш, ти пристигнува на адреса (бесплатно), го отпакуваш и во истиот момент ти е кристално јасно дека тоа што си го нарачал не ти се допаѓа. Нема никаков проблем! Ако имаш било каква рекламација, производот можеш да го вратиш преку пошта или курирска служба без дополнителни објаснувања. Како сакаш, така си правиш!

Драги Груперци, ова беа основните начела на Ananas или најголемиот балкански шопинг мол, ā на нет кој пред извесно време пристигна во Македонија и полека, но сигурно го освојува пазарот. 

Искрено горди сме што сме дел од приказната на Ananas и поради тоа ќе дадеме сѐ од себе за секој наш купувач/корисник да биде првиот што ќе дознае за најновите, најдобрите и најпосакуваните понуди на Ananas. Клик! Бум! Трас! Влези во светот на ananas.mk. 💚 🧡