Изненадување за купувачот на 500.000-иот купон!

Минатата недела, во средата (среќен ден), 24ти Август достигнавме ПОЛОВИНА МИЛИОН продадени купони!

По тој повод, го лоциравме купувачот на 500.000-иот купон и решивме да го пречекаме со изненадување во нашите канцеларии. За меракот при подготовка на подарокот биде уште поголем, ни се наполни душата кога видовме дека среќниот купувач е со нас од самите почетоци т.е. од 2011 година и до сега има купено 131 купон преку 55 зделки… и тоа од храна, здравје, убавина до роденденски прослави, најразлични производи за себе и за домот и патувања. Read More

½ МИЛИОН продадени Grouper купони!

Во духот на први септември и враќањето на училиште, имаме 5ки за споделување. Ние во Grouper веруваме дека напорната работа, собраното знање и постојано учење, адаптирање и иновирање секогаш вродува со плод. Оценка – Одличен 5!

Оваа година наполнивме 5 години и достигнавме 50 000 инсталации на Grouper мобилната апликација за Android. Денес, повторно во тој дух – нов milestone! Нова гордост! Ново достигнување кое што исто така започнува со бројот 5.

Read More