Најсреќните добитници на наградната игра Smart празници со Grouper и Mastercard

Кога ќе се спојат две супер сили како Grouper и MasterCard да организираат наградна игра, не може да се очекува ништо помалку од одлична акција, журка со конфети и луди награди како Samsung Galaxy S7 и iPhone7! Со други зборови, Go big or go home, а ние дома не си одиме пред да донесеме широки насмевки на нашите верни Grouper корисници.

Како што ветивме на почетокот на Наградната игра со MasterCard, на 23.01.2017 година, во Facebook емисија во живо, ги извлековме двата најсреќни Grouper корисници кои купувале зделки со MasterCard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 и им ги доделивме најдобрите смарт телефони во моментот. Извлекувањето беше во наш стил, возбудливо, гласно, весело, откачено, фер и транспарентно. Скандиравме Мите, па скандиравме Соња и едвај чекавме да ги запознаеме и да им ги врачиме наградите.

Read More

6 години GROUPER – Златни зделки Vol.2

Grouper наполни 6 години! 6 години напорна работа, тимски дух, предизвици, 6 години грижа за нашите корисници, најголеми попусти, непобедливи зделки, нови искуства, 6 години влијание врз е-трговијата на Македонија, 6 години непрекината пасија, љубов и мотив за да бидеме најдобри за вас! За овие 6 години прераснаваме во големо семејство од 130.000 корисници и над 2000 соработнци. За 6 години освоиме 9 награди за Сајт на Годината, ама најголемата награда од сé ни била и ќе остане задоволството на нашите корисници. Read More

6 години Grouper – 6.6 % cash back со Mastercard!

Празниците поминаа, но кај нас подарувањето не застанува! На 23ти јануари ќе ги извлечеме добитниците од Наградната Игра со Mastercard. Двајца среќни корисници кои купувале Grouper зделки со нивните Mastercard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 ќе добијат еден од двата смартфони  iPhone 7 и Samsung Galaxy S7! Извлекувањето ќе биде во живо во 18:00ч и ќе може да го следите на нашата Facebook страна.

За среќата да биде поголема наградната игра ќе ја завршиме со специјална Cash Back акција со Mastercard. Бидејќи на денот на извлекувањето го славиме и 6тиот роденден на Grouper на 23.01 и на 24.01.2017 за сите купени купони со Mastercard ќе добиете 6.6% Cash Back. Ова е нашиот начин да ве почастиме за нашиот 6-ти роденден!

Купувајте на Grouper со Mastercard картичка на 23.01 и на 24.01.2017 и 6.6% од потрошената сума за купените зделки ќе ви биде вратена на Вашиот Grouper профил!

Read More