9 години Grouper! Оваа година некако сме посебно чувствителни и разнежнети. Можеби дека изминатата година беше многу значајна за нас, можеби дека сме на крајот на првата декада од постоењето на Grouper, а можеби и зошто многу сакаме родендени. А знаете што оди рака под рака со нашиот роденден? – Златни зделки! А знаете Златни зделки без што не можат? Без нашите златни деца (читај Grouper тим) да ги обезбедат за вас!
Read MoreTag: 9 години Grouper

Среќен роденден Grouper ?
Рано наутро е. Сé уште е тишина, јануарско утро, зимски ден. Сличен како оној зимски ден кога се роди Grouper на Градскиот плоштад во Скопје пред 9 години. ПРЕД 9 ГОДИНИ! Тогаш и не беше така тивко. Гласна беше возбудата за нашата нова приказна, гласен беше ентузијазмот за новите почетоци на нешто поинакво на нашиот пазар. Балони со топол воздух, снег, изненадени лица, стотици топли чоколада купени на попуст и започнавме!
Read More