“Остани Здрав” во 2023 со најголемата кампања на Grouper која промовира здрав начин на живот!

Со гордост изјавуваме дека 4та година сме активни подржувачи и дел од глобалниот тренд кој промовира здрав начин на живот, стекнување и одржување на здрави навики и редовна грижа за сопственото здравје преку кампањата “Остани Здрав” – најголемата и најбогатата кампања од овој вид во Македонија!

Целта и идејата позади оваа кампања е да ги потсетиме нашите корисници и фанови (а, воедни и самите ние) дека здравјето и грижата за телото и умот треба да ни се прв и единствен приоритет. 

Па по тој повод, пораката која сакаме да ја пренесеме е едноставна – “Остани Здрав” со тоа што сакаме да кажеме дека никогаш не е доцна да ги промениме навиките и животниот стил кои ќе ни донесат посреќен, подолг и поисполнет живот! Како? Дефинитивно еден од медицинско-научно потврдени начини е преку редовно одење на прегледи за дијагностика, анализи и рана превенција од различни болести, основен предуслов за здрав и безгрижен живот.

Па за таа цел, подготвивме над 80 промотивни понуди кои ги креиравме во соработка со врвни клиники и премиум партнери меѓу кои и долгогодишниот соработник Рош кој е глобален пионер на полето на фармацијата и дијагностиката насочен кон унапредување на науката заради подобрување на животот на луѓето. Рош е лидер во персонализираната медицина чија стратегија е лекувањето да се приспособи кон секој пациент на најдобар можен начин.

Во зделките се вклучени специјалистички прегледи, стоматолошки или оптометриски услуги, анализи, зделки за општа медицина, рехабилитација или хомеопатија.

Исто така, оваа година за првпат наш партнер ќе биде и Зегин со својата широка палета на производи кои можете да ги најдете онлајн тука

Грижата за сопственото здравје никогаш не завршува!

Со љубов,

Тимот на Grouper

Остани здрав – Кампања за попусти на здравствени прегледи

Оваа година повеќе од било кога важно е да се грижиме за нашето здравје. Често забораваме која е важноста на грижата за себе. Не за џабе велат здравјето пред сé, сé останато ќе си дојде.

За време на пандемијата со COVID-19 навистина бевме ограничени да посетиме специјалист и многу од нас ги одложија потребните прегледи. Секојдневниот стрес, грижата за нас и нашите сакани, изминатите изолации се фактори кои и те како влијаат на нашето физичко и психичко здравје. Затоа, грижата за себе направете ја приоритет!

Read More

„НА ЗДРАВЈЕ“ Викенд + Cashback!

Ок, дека специјалните викенд зделки на Групер не се шала, покажавме со срушените викенд рекорди во изминатите три викенди! Шарените празнични Велигденски зделки ги размрдаа нашите најмили Групери, Се за 99 Викенд ги израдува штедливите и минатиот викенд ве изненадивме со Mastercard cashback – вратени 15% од сумата за купување на НАЈдобрите зделки – Best of Grouper!

Read More