НОВО! “Add to cart” опција!

Летово бевме вредни и покрај на кампањите кои следат, работевме и на долго посакуваната опција “Add to cart” или кошничка. Во последниот период добивме и многу барања од вас, нашите корисници за оваа опција и се разбира дека вашите желби се наша мотивација и приоритет! Затоа денес со задоволство ве известуваме дека опцијата “Add to cart” е конечно live на Grouper!

Read More

Изненадување за купувачот на 500.000-иот купон!

Минатата недела, во средата (среќен ден), 24ти Август достигнавме ПОЛОВИНА МИЛИОН продадени купони!

По тој повод, го лоциравме купувачот на 500.000-иот купон и решивме да го пречекаме со изненадување во нашите канцеларии. За меракот при подготовка на подарокот биде уште поголем, ни се наполни душата кога видовме дека среќниот купувач е со нас од самите почетоци т.е. од 2011 година и до сега има купено 131 купон преку 55 зделки… и тоа од храна, здравје, убавина до роденденски прослави, најразлични производи за себе и за домот и патувања. Read More

50.000 инсталации на Android мобилната апликација!

Стигнавме до големата бројка 50.000 инсталации!

Ова е дечки, огромен успех за нас.

По многу месеци поминати за тоа како да се подобри Grouper искуството, со оваа бројка ја добивме поддршката од вас дека одиме во правилна насока!

Ви благодариме за поддршката!

 

Дел од причините зошто да ја инсталирате може да ги погледнете овде!

П.С. Вашите забелешки се добредојдени. Пишете ни во коментар подолу, нашите девелопери се со отворени уши!

Ја користиме приликава за да испратиме голем поздрав и уште поголемо благодарам до момчето со кого ја започнавме оваа авантура Димитар Јованов , виртуозниот Петар Атанасов кој едноставно имаше брзо решение за се и нормално Дарко Гроздановски кој безрезервно несебично и со големо срце го поддржа Grouper.mk

Read More

10+ причини зошто да ја користите мобилната апликација

Во последнава година веќе над 30% од купувањата на Grouper се прават од мобилен. Овој прогрес секојдневно не мотивира да ја подобруваме и апдејтираме мобилната апликација со цел да ви го олесниме и подобриме шопинг искуството. Во старт, купување од мобилен има многу предности: купуваш од каде и да се, користиш купони без да печатиш, last minute подаруваш, резервираш патување, или праќаш купон на пријател за да ти го подигне производот што си го купил на попуст.

Ако сеуште не сте убедени дека купувањето од мобилната апликација ќе ви го олесни животот, тогаш погледнете ги следниве features кои се воедно и причини зошто да почнете секојдневно да ја користите мобилната апликација, а после тоа и да не можете без неа 🙂

Read More

Grouper.mk Android App

Имаме новина која сакаме да ја споделиме со сите Вас, а особено со корисниците на Android смарт уреди. Како лидер на пазарот на групни попусти и дневни зделки кој ги следи трендовите и новите технологии, изминатите неколку месеци ги посветивме на развој на мобилна апликација за Android и iOS. Првата лансирана апликација е за Android платформата со оглед на тоа што повеќе од 75% од нашите корисници кои користат смарт телефони за да купуваат на Grouper се Android корисници. За Apple корисниците ја очекуваме iOS апликацијата во Apple Store наскоро. Read More