Како да имаш безбедно и комфорно патување… со автомобил?

Океј, временските услови се стабилизираа (читај: дојде сонце, дојде живот) па така сега слободно можеме да кроиме планови кај да се оди за викенд, продолжен викенд или пак можеби целосен одмор.

Пролетта помина, летото дојде, така што официјално можеме да кажеме дека сезоната за сериозно размислување кај да се оди на летен одмор е отворена. 

Од досегашните наши размислувања, сите идеи и патишта водат накај истражување нови авантури и дестинации за одмор и опуштање кои се лесно достапни со автомобил, затоа што сакаме целосно доживување на патувачката авантура или со други зборови, не ни се патува низ облаците, сакаме да сме приземни, со нозе на тло. 

Па знаејќи го овој факт, решивме да се консултираме со АМСМ, дефинитивно најдобриот, најсигурниот и екстремно доверлив партнер на сите твои патувања да ни помогнат во нашата мисија – Како да имаш безбедно и комфорно патување со автомобил? Одиме со ред!

Read More

Touring Macedonia & GROUPER! Авантура и адреналин на попуст

Авантуристички туризам: патување и откривање на нови, необични, егзотични, скриени или диви предели. Искуство кое опфаќа 3 главни компоненти – физичка активност, културно доживување и блискост со природата.

Авантуристички турист: Трагачи по возбуда, сакаат да откриваат нови недопрени предели, но истовремено и да ги надминуваат своите лични граници, да ги отворат умовите и да излезат од својата комфорна зона.

Но, што ако ти кажеме дека за да ги прошириш своите хоризонти не мора да го прошируваш и џебот? Што ако недопрената убавина и скришна магија е тука, достапна, блиску, дома?

Дали твоето нескротено авантуристичко срце ќе одолее на живописните планини, длабоки езера, мистични села и највкусната од сите кујни? И дали си вистински авантурист ако не ги знаеш тајните на родната земја?

Дали ќе одолееш на Македонија Read More