Травел Балкан – најголема кампања за патувања на Grouper!

Официјално ја прогласуваме за отворена. 

Ако си од оние луѓе кои за авантура не им е неопходна авионска карта, знаат да уживаат во добра храна, позитивна енергија, чувството како да си дома, потајно сакаат да си дозволат неконвенционални доживувања и секогаш се спремни за нови искуства, тогаш имаме одлична понуда на менито… онака баш како за тебе! 

Оваа пролет, ја започнуваме приказната – “Травел Балкан” или најголемата кампања во категорија – Патувања која се организира за да го поддржи и промовира туризмот на Балканот 🧳

Искрено, после долга интерна борба не успеавме во мисијата да останеме “незаразени” од магијата и шармот на патувањата и приказните кои одат рака под рака со убавината, недопрената природа, вкусната балканска храна и авантуристичките искуства кои ги нуди Балканот. 

Па затоа, решивме да не одиме наспроти себе и целосно се “опуштивме” со подготвување на богата понуда на патувања низ одбрани места во Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора 🗺️

Read More