Недела на бесплатна достава!

Кој нé следи знае дека бројот на производи на Grouper прогресивно расте. Без разлика дали се работи за кујнски додатоци, мали апарати, облека и модни додатоци, детски играчки па се до електроника и IT, ако проверувате прво на Grouper тогаш сте на прав пат. Знаете дека секогаш ги слушаме вашите совети и се водиме според вашите потреби, па во последниот временски период заедно со бројот на производи се зголемија и барањата за достава. Па така, покрај најдобрите цени на производите од сите категории, оваа недела ќе ве почастиме и со БЕСПЛАТНА ДОСТАВА! Read More

НОВО! Го отвoраме Grouper Производи!

Знаете дека секојдневно работиме да го подобриме Grouper искуството. А ние знаеме дека сите се радуваат на попусти. Особено на попусти на производи. Grouper семејството расте, а со тоа расте и бројот на зделки за да ги задоволи сите желби на вас, драгите корисници, кои секојдневно внимателно ги слушаме и сакаме да ги исполниме. Покрај новиот изглед на сајтот (btw, пишете ни коментар како ви се допаѓа), достигнати 1.000 активни зделки на Grouper и продадени на 500.000 купони, непрекината работа и огромна мотивација, со задоволство ви го преставуваме новиот дел на Grouper, специјализиран за производи —-> Grouper Производи.

Read More