Како да имаш безбедно и комфорно патување… со автомобил?

Океј, временските услови се стабилизираа (читај: дојде сонце, дојде живот) па така сега слободно можеме да кроиме планови кај да се оди за викенд, продолжен викенд или пак можеби целосен одмор.

Пролетта помина, летото дојде, така што официјално можеме да кажеме дека сезоната за сериозно размислување кај да се оди на летен одмор е отворена. 

Од досегашните наши размислувања, сите идеи и патишта водат накај истражување нови авантури и дестинации за одмор и опуштање кои се лесно достапни со автомобил, затоа што сакаме целосно доживување на патувачката авантура или со други зборови, не ни се патува низ облаците, сакаме да сме приземни, со нозе на тло. 

Па знаејќи го овој факт, решивме да се консултираме со АМСМ, дефинитивно најдобриот, најсигурниот и екстремно доверлив партнер на сите твои патувања да ни помогнат во нашата мисија – Како да имаш безбедно и комфорно патување со автомобил? Одиме со ред!

Read More