Есенцијални работи што треба да ги спакуваш за твоето следно патување!

Сите сме согласни дека сезоната за патување официјално е отворена! 

Но, тоа со себе носи други дилеми, трилеми и неодлучни мисли за тоа што треба да се понесе на едно патување, а да не изгледа тој процес како една масовна преселба на народите. 

Аналогно на горната изјава, за да не се мачиш и да правиш списоци на лист хартија, во телефон за што сѐ си спакувал во куферот кои некако магично ги губиш, забораваш дома пред да тргнеш или едноставно не се водиш по нив и пакуваш пола живот за викенд во Грција, ти спремивме текст за најважните работи што треба да ги понесеш на твоето следно патување, во зависност од тоа кај планираш да одиш и што ќе правиш таму.

Read More

Како да имаш безбедно и комфорно патување… со автомобил?

Рака на срце, мора да признаеме дека временските услови во последниов период се мултиполарни и максимално непредведливи, но тоа нè не спречува да кроиме планови кај да се оди за викенд, продолжен викенд или пак можеби целосен одмор.

Велигден помина, 1 Мај е на дофат, така што официјално можеме да кажеме дека сезоната за сериозно размислување кај да се оди на пролетно релаксирање или на летен одмор е отворена. 

Од досегашните наши размислувања, сите идеи и патишта водат накај истражување нови авантури и дестинации за одмор и опуштање кои се лесно достапни со автомобил, затоа што сакаме целосно доживување на патувачката авантура или со други зборови, не ни се патува низ облаците, сакаме да сме приземни, со нозе на тло. 

Па знаејќи го овој факт, решивме да се консултираме со АМСМ, дефинитивно најдобриот, најсигурниот и екстремно доверлив партнер на сите твои патувања да ни помогнат во нашата мисија – Како да имаш безбедно и комфорно патување со автомобил? Одиме со ред!

Read More

ТОП 3 ВИКЕНД ДЕСТИНАЦИИ ЗА ОВА ЛЕТО

Како што знаеме сите брзиот начин на живот е присутен во нашето секојдневие, па така се повеќе ни е потребно да избегаме и да се релаксираме.

Доколку се двоумите каде да го поминете викендот после напорната работна недела, имаме неколку дестинации за вас кои се најбарани.

Read More

Spring SPA&Relax Акција! ⛰️ Топ 5 причини зошто да ја посетите Бугарија!

И ние веруваме дека среда е среќна и дека се што е убаво треба да почне во среда 😉 Епа Груперци, оваа Среда [25.04] започнува прекрасната патувачка акција Spring Spa&Relax Банско | Боровец | Благоевград за најпродаваните хотели низ Бугарија по најдобрите цени! Пролетта е најомилената сезона која сите нé возбудува и го користиме секој слободен ден за да “фатиме магла” негде далеку од градот и уживаме во природата. За да не се мислите каде за овој викенд, каде за 1ви Мај или каде за наредниот продолжен (екстра долг 24.05 – 27.05) викенд ние ќе ви дадеме идеја за КАДЕ + топ 5 причини ЗОШТО Бугарија е ОДЛИЧНА дестинација!

Плус остани до крај на објавата за да го откриеш и изненадувањето!

СТАРТУВАМЕ!

Read More