Оваа година повеќе од било кога важно е да се грижиме за нашето здравје. Често забораваме која е важноста на грижата за себе. Не за џабе велат здравјето пред сé, сé останато ќе си дојде.
За време на пандемијата со COVID-19 навистина бевме ограничени да посетиме специјалист и многу од нас ги одложија потребните прегледи. Секојдневниот стрес, грижата за нас и нашите сакани, изминатите изолации се фактори кои и те како влијаат на нашето физичко и психичко здравје. Затоа, грижата за себе направете ја приоритет!
Read More