На 15.06 (четврток), во новите канцеларии на Grouper се одржа едукативен настан со наслов “Едуцирај се и превенирај! Остани Здрава!”, дел од “Остани Здрав”, најголема кампања на Grouper која промовира здрав начин на живот, стекнување и одржување на здрави навики и редовна грижа за сопственото здравје.
Во опуштена, пријатна и интимна атмосфера, пред мала група на пријавени и заинтересирани гости свое излагање имаа:
- Проф. Д-р Васил Илиев, специјалист гинеколог акушер и супспецијалист урогинеколог;
- Д-р Маќули Хаџи Лега, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист, специјалист гинеколог за репродуктивна ендокринологија и асистирана репродукција и
- Проф. Д-р Нино Васев, специјалист онколог
- Д-р Марија Каплак, дерматолог и активен борец со рак на дојка
По официјалното запознавање и обраќање на стручните медицински лица на темата на настанот – рана дијагностика и превенција на рак на дојка, рак на грло на матка и начини и совети за редовна грижа за сопственото здравје, со акцент на женското здравје, следуваше интерактивна и конструктивна панел дискусија со прашања од публиката, водена од страна на Лиридона Беќири, извршен директор на здружението “Езра”,
На панел дискусијата беа поставени повеќе интригантни и интересни прашања кои резултираа со отворена едукативна дебата на која беше заклучено дека раната превенција, редовните прегледи, психо-физичката активност, позитивните мисли и општата грижа за сопственото здравје е приоритет бр. 1 на секоја жена.
Како потврда за горната констатација беше и онлајн вклучување во живо на д-р Марија Каплак, дерматолог и активен борец со рак на дојка која во моментов се наоѓа во Англија и прима терапија за рак на дојка. Марија во неколку минутно излагање се обиде да ни го долови животот на еден борец со рак на дојка, од откривањето до ден денешен, преку воочување и презентација на основните постулати за долг, среќен и исполнет живот.
Остани здрав/а со 50+ промотивни понуди за прегледи и анализи на Grouper.mk. 🫶