Како да имаш безбедно и комфорно патување… со автомобил?

Океј, временските услови се стабилизираа (читај: дојде сонце, дојде живот) па така сега слободно можеме да кроиме планови кај да се оди за викенд, продолжен викенд или пак можеби целосен одмор.

Пролетта помина, летото дојде, така што официјално можеме да кажеме дека сезоната за сериозно размислување кај да се оди на летен одмор е отворена. 

Од досегашните наши размислувања, сите идеи и патишта водат накај истражување нови авантури и дестинации за одмор и опуштање кои се лесно достапни со автомобил, затоа што сакаме целосно доживување на патувачката авантура или со други зборови, не ни се патува низ облаците, сакаме да сме приземни, со нозе на тло. 

Па знаејќи го овој факт, решивме да се консултираме со АМСМ, дефинитивно најдобриот, најсигурниот и екстремно доверлив партнер на сите твои патувања да ни помогнат во нашата мисија – Како да имаш безбедно и комфорно патување со автомобил? Одиме со ред!

Read More

Неколку кул предлози за пролетно релаксирање во Македонија!

200+ сончеви денови, 40+ планини, 3 природни езера со античко потекло и еден град заштитен од УНЕСКО се само еден мал дел од фактите и бројките кои ја опишуваат Македонија – земја на највкусната храна, најубавите дестинации и најгостопримливите луѓе.

Македонија секој ден, без пардон, ти нуди прекрасна природа, дестинации вредни за (ре)откривање и проживеани луѓе опремени со еден куп локални приказни за како било на времето, кој биле главните шизици и како сите живееле во слога, разбирање и љубов. Иако мала, Македонија нуди места каде ќе го најдеш мирот, искуства преку кои ќе ги запознаеш најтоплите, пријателски расположени луѓе и дестинации кои ќе сакаш да ги посетиш пак, пак и пак!

Кога последен пат си дозволи пролетно релаксирање во Македонија? Колку од езерата, планините и алтернативните селца во Македонија ги имаш посетено?

Дојде време повторно да ти откриеме што сѐ имаме по дома! Ајде да го цениме и да го уживаме тоа што го имаме и оваа пролет да ја искусиме Македонија од една поинаква перспектива… во улога на туристи, повеќе од подготвени за креирање нови спомени!

Read More

Дестинација Македонија: 101 зделка за патувања, искуства и добра храна!

Од север до југ, од исток до запад, по 4ти пат ќе ве одведеме на едно прекрасно патување низ Македонија каква што не ја познавате! Се ближи најголемата патувачка акција за која цел тим е најмногу возбуден и најмногу ни лежи на срце на сите!

Оваа есен повторно креираме заедница од вистински љубители на историјата, убавината, недопрената природа, вкусната традиционална храна и авантуристичките искуства и заедно ја истражуваме нашата Македонија! Креираме водич од 101 зделка со уште попримамливи цени од вообичаено за патувања низ татковината – да го посетиме, вкусиме и искусиме сé она што таа ни го дала! Зошто? 5 ОДЛИЧНИ ПРИЧИНИ ЗОШТО.

Read More