СкопјеГурман: последната најубава мисија! #ДонирамеЗаедно

Драги наши групер гурмани, официјално ја заокруживме кампањата #СкопјеГурман со последната најубава мисија!

Цело лето дегустиравме вкусни специјалитети,  доживувавме нови места и ги скокоткавме вашите очи, нос и уста со повеќе од 100 неодоливи јадења од повеќе од 70 најдобри ресторани во Скопје!

Под мотото „Храна за сите“, го претворивме Скопје во најгурмански град, а, дека крајот го краси делото, говори акцијата со која официјално ја завршивме овогодинешната #СкопјеГурман Недела на храна. Како што знаете, во текот на кампањата, со секоја трансакција направена со картичките на Mastercard дониравме по 2 денари, па така сите вие Mastercard купувачи станавте мали херои кои заедно направивте големо дело. Секоја чест, Групери! займ онлайн без звонков Read More

Храна за сите! Донирај со Grouper и Mastercard #СкопјеГурман

Веќе 3 дена се грижиме да сте најадени и задоволни со најголемата гурманска акција за храна во градот #СкопјеГурман, со 100+ вкусни зделки во 70 одбрани ресторани! Идејата на кампањата е Скопје да го претвориме во најгурманското место со најдобрите специјалитети на попуст, под мотото „Храна за сите!“

Понесени од тоа мото, во склоп на кампањата го креиравме и планот за донации! Заедно со вас и со Mastercard се надеваме дека ќе ја постигнеме целта на кампањата, а тоа е сите се бидат сити овој месец.

За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка ќе бидат донирани 2 денари на оние на кои им е најпотребно, во Банка за Храна. Всушност, вкупната сума која ќе ја собереме со ваша помош е бројот на купени купони со Mastercard x2.

Read More

Стартува најголемата кампања за храна во градот! #СкопјеГурман

Среќни желудници на повидок! Помина цела година, едвај успеавме да дочекаме, но тука е, време е и се радуваме повеќе од било кога! Со голем апетит ве известуваме дека се ближи стартот на нешто многу вкусно, нешто возбудливо, нешто со многу изненадувања!

Најслатки наши Групери, на 4ти јуни почнува НАЈГОЛЕМАТА КАМПАЊА ЗА ГУРМАНИ! #СкопјеГурман значи 100 вкусни зделки во 70 одбрани ресторани. Цел месец најдобрите специјалитети на попуст! ГРАДОТ  ќе се претвори во најгурманско место со мени кои ќе ги полуди вашите сетила со разновидна домашна и интернационална кујна.

Read More