9 Зошто, 9 Затоа за Ananas, најголемиот шопинг мол, ā на нет

Дојде денот кога мораме, едноставно мораме, да ти презентираме зошто Ananas, најголемиот шопинг мол, ā на нет е најсигурната, најбрзата и најопремената онлајн платформа за е-трговија која полека, но сигурно го збогатува и олеснува животот на секој македонец!

Веќе ти ги презентиравме основите на Ananas, кои можеш да ги провериш тука, а денес на менито имаме малку поинтимно запознавање со најголемиот шопинг мол, ā на нет. Одиме со ред!

1. Широка палета на производи

Без разлика дали ти треба нов кујнски апарат, гејминг опрема, модни додатоци и/или нешто за убавина и нега, дефинитивно Ananas е местото каде што ќе најдеш буквално сѐ што ти треба, на едно место! Со 70+ илјади производи од 80+ трговци, Ananas дефинитивно е на мисија да стане најголемиот и најбогато опремен балкански шопинг мол, ā на нет!


2. Квалитетен асортиман на производи

Квалитет > квантитет! Една од главните “животни” максими на Ananas, но тоа што го прави посебен овој е-мол е тоа што нуди квалитет и квантитет во едно! Од LG, Samsung и Sony, преку Gucci и Armani до Makita и Bosch. Нема што нема!


3. Брза и бесплатна достава на повеќе начини

Бираш споро, ā ти пристигнува наскоро! Оваа мисла е она што го прави Ananas потенцијален МВП во светот на македонската е-трговија. Во превод, бираш споро, затоа што има од што да избереш, а ти пристигнува во рекордно време (за македонски стандарди) до твојата одбрана адреса, без разлика дали тоа е кај тебе дома, кај твоите дома, кај дечкото/девојката, на работа, во твојот омилен локал и слично. Дојде денот кога можеш да си дозволиш да шопингуваш без стрес!


4. Безбедно плаќање

Почитуван купувач, она што треба да го знаеш пред да кликнеш “зачувај ја картичката” е дека никој никогаш нема да ја злоупотреби довербата што ја доделуваш на Ananas, затоа што твоите доверливи информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со помош на протоколот SSL и системот PKI, моментално најсовремената криптографска технологија достапна на пазарот. Слободно пазари си, картичката ти ја чуваме како очите!


5. Јаки попусти

Океј, не е како Grouper, местото каде можеш да купуваш буквално сѐ на попуст, но затоа можеш да најдеш сѐ што ќе ти текне на памет, а кога ќе го најдеш омиленото парче на попуст, тогаш нема сила што ќе те спречи да одиш до крај со твоето шопинг лудило. Без пропуст, најголеми попусти можеш да најдеш само на Ananas.


6. Бесплатно складирање, пакување и водење грижа за производите

Оваа точка е крајно корисна и важна за потенцијалните Ananas партнери кои сакаат нивните производи да се најдат на полиците на најголемиот мол на нет! Апел до сите потенцијални партнери, ако сакаш апдејт на твојот бизнис, тогаш еден од круцијалните предуслови за олеснување на работата е да имаш покрај себе доверлив и сигурен партнер кој нуди бесплатно складирање, пакување, раководење и грижа за твоите производи на едно место – магацинот на Ananas.


7. a-direkt до твојата адреса

a-direkt = брз и крајно ефективен процес на складирање, пакување и испорака на твоите одбрани производи од магацинот на Ananas до посакуваната адреса.

Океј, ако сакаш нешто ултра-мега-гига брзо да ти стигне, тогаш ги бараш производите со ознаката „a-direkt“, ги нарачуваш наутро, ā ти пристигнуваат истиот денес или најдоцна следниот работен ден… и тоа спакувани во една пратка. Подобра достава, амин!


8. Лесна и брза рекламација

Лесна рекламација, ā не секирација! или наоѓаш нешто што на прва ти изгледа како полн погодок, го нарачуваш, ти пристигнува на адреса (бесплатно + со брзината на светлината), го гледаш и во истиот момент ти е јасно како ден дека тоа што си го нарачал не ти се допаѓа. Без гајле, ако имаш било каква рекламација, производот можеш да го вратиш преку пошта или курирската служба без дополнителни објаснувања.


9. Модерна платформа

Кога говориме за Ananas, мислиме на модерна, технолошки напредна и екстремно функционална платформа за е-трговија направена според највисоките светски стандарди во областа на корисничкото искуство. Или како што би кажале луѓето од англиското говорно подрачје, направена by the book! 



Драги Груперци, ова беа 9 сериозни причини за големината и важноста на Ananas, најголемиот балкански шопинг мол, ā на нет кој живее и опстојува водејќи се според максимата – “Купувачот е Крал и секое негово позитивно искуство е еднакво на победа”

Клик! Бум! Трас! Влези во светот на Ananas.mk.

Grouper #ХранаДоДома

Карантинот нас не мотивираше да станеме само уште поактивни, да бараме нови начини како нашите корисници да го поминат овој период и да имаат можност да уживаат во Сé од Grouper исто како и до сега.

Имаме многу новости и многу нови проекти кои сакаме да ги споделиме со вас.

Еден на повеќето од колегите и омилен е Grouper #ХранаДоДома.

Read More

НОВИТЕТИ за БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

Неделата на бесплатна достава помина одлично! Оваа акција повторно не зближи со многу корисници низ цела Македонија, а им го олесни купувањето и на оние од Скопје. Знаете дека секогаш гледаме, бараме, откриваме и ги слушаме вашите желби.

Секоја идеја, барање и порака не ставаат во акција, а од акција до реализација се вклучува целиот тим на Grouper вредни мравки кои во најскоро време ќе ја реализираат секоја вашата желба. Овој пат, таа желба е повторно бесплатната достава. Па со задоволство ве известуваме дека оваа акција продолжува и тоа со многу новитети.

Read More

Недела на бесплатна достава!

Кој нé следи знае дека бројот на производи на Grouper прогресивно расте. Без разлика дали се работи за кујнски додатоци, мали апарати, облека и модни додатоци, детски играчки па се до електроника и IT, ако проверувате прво на Grouper тогаш сте на прав пат. Знаете дека секогаш ги слушаме вашите совети и се водиме според вашите потреби, па во последниот временски период заедно со бројот на производи се зголемија и барањата за достава. Па така, покрај најдобрите цени на производите од сите категории, оваа недела ќе ве почастиме и со БЕСПЛАТНА ДОСТАВА! Read More