Grouper Quiz: Дознај каков патувач си

Веќе знаете дека е во тек кампањата Дестинација Македонија и во канцеларија тоа ни е главна тема, само едно нешто не си кажавме – кои зделки се идеални за нас? Така и ми текна да го направам тестов и сите се смееме на резултатите, кој би рекол дека Вики е „романтичарот”, а Лина од маркетинг „сонувачот”?

Пронајди се во една од реченициве и откриј каков „travel” стил имаш

Read More

Изненадување за купувачот на 500.000-иот купон!

Минатата недела, во средата (среќен ден), 24ти Август достигнавме ПОЛОВИНА МИЛИОН продадени купони!

По тој повод, го лоциравме купувачот на 500.000-иот купон и решивме да го пречекаме со изненадување во нашите канцеларии. За меракот при подготовка на подарокот биде уште поголем, ни се наполни душата кога видовме дека среќниот купувач е со нас од самите почетоци т.е. од 2011 година и до сега има купено 131 купон преку 55 зделки… и тоа од храна, здравје, убавина до роденденски прослави, најразлични производи за себе и за домот и патувања. Read More

Grouper готви со #РетвитниОброк

Поезија за неуморниот тим на аматери готвачи #РетвитниОброк

Дечки и девојки,
вие аматери готвачи,
вие хумани души големи

Веќе година дена готвите,
срцата ни ги топлите

Храна на сите ни годи,
а нас попуст од рака ни оди,
така Grouper Недела на Храна се роди

Ќе готивме од душа со вас,
и ќе ве носиме на ручек со нас
Гурмански купони ќе ви подариме,
за ова добро дело да ве наградиме

Да сецкаме кромид со вас ич не ни е мака,
Тимот на Grouper ве сака!

Read More