3 плакети ни ги красат канцелариите!

Вчера освоивме 3 награди на официјалното доделување на наградите за сајт на годината, а денес сакам да споделам СРЕЌА со сите Вас!

Втор пат по ред ја добивме наградата за најдобар сајт за е-трговија и огласи, за која искрено знаевме дека ја заслужуваме ама не верувавме дека втор пат по ред може да ја добие истиот сајт. За прв пат бевме победник во категоријата најдобар мобилен сајт, а го освоивме и второто место во категоријата најдобра Facebook страна.  Read More