Росица Мршиќ: „Создадете стил од својата индивидуалност и посебност“

Росица Мршиќ е интернационално етаблирана модна дизајнерка и бренд со современ и софистициран стил. Нејзината естетика е препознатлива по смелиот, но и женствен потпис со прецизна изработка и опуштена изгладеност, што ја рефлектира нејзината визија за силни и самосвесни жени следбенички на иновативната и безвременска естетика.

Горди сме што за првпат, корисниците на Grouper ќе можат да направат брза и лесна онлајн нарачка на новите, ексклузивни дизајнерски марами со авторски принт. Марамите се во лимитирана серија и се достапни во онлајн продавницата во Grouper Shopping Mall. Во продолжение, мини-интервју со Росица како најава за лансирање на продажбата…

Read More

Holiday Gift Guide: ТОП 5 подароци за НЕГО (Pandemic edition)

Влегуваме во сезоната на празници кои ќе ги празнуваме поинаку од досега. Глобалната пандемија го смени нашиот начин на живот. Мерките за заштита од вирусот не разделија како никогаш досега, па токму затоа овие празници имаме вистински предизвик: Да останеме сплотени и блиски и покрај физичката оддалеченост. Празничните подароци традиционално се симбол на внимание, љубов и грижа за нашите најблиски.

Read More

Grouper Празничен Gift Guide

 

Следува најубавиот период  од годината, исполнет со многу забава, подароци, заеднички дружби со пријателите и семејството и празнична еуфорија која сите не прави возбудени, весели и насмеани. Ние во Grouper обожаваме изненадувања и подароци, па затоа традиционално секоја година со нетрпение ја очекуваме предновогодишната забава каде посебен акцент има празничната игра – Secret Santa што во превод би значело – Биди таен Дедо Мраз на твојот колега и изненади го со креативен подарок во согласност со неговиот карактер, хоби, сакања, стравови, хејтови, желби … Во тој контекст направивме кратка листа од топ седум предлози како да ги изненадите вашите блиски со подароци соодветни на нивниот карактер за празниците кои следат 🙂

Read More

Искрено: еве како се роди идејата за персонализираниот Grouper Book

Сакам да споделам новина со вас, се однесува на еден поинаков и креативен начин на подарување. Но пред тоа морам најпрво да споделам како се роди оваа идеја.

Еден мој близок другар одлучи да се пресели во Амстердам. Нели нормално пред да си оди близок човек цело друштво му организира собиранки и смислува изненадувања (класика, најчесто изненадувањата се “опроштајни” кафани). Мене ми дојде идеја да му направам книга со Групер купони т.е. Grouper Book во форма на водич што да прави 1 недела пред да ја напушти Македонија. Read More