Опсесијата со бројки е многу честа појава 🙂 Секој има среќен број и по некој бакзусен кој го избегнува. Денес на тапет е бројот 7. Седмицата во нумерологијата значи перфекција. Стабилност. Виножитото има 7 бои. Неделата има седум дена. Седум се џуџињата на Снежана. Во Јапонија има 7 среќни богови, а во Вегас статуа од 7 среќни девојки. Збирот на спротивните страни од коцката е секогаш 7. Магично, нели?