Пробајте ја оваа празнична игра за вашиот тим!

Многу луѓе кои ме познаваат се убедени дека не постои некој во земјава што повеќе го сака овој празничен период од годината од мене. А кога љубителот на игри и изненадувања во мене ќе се спои со љубителот на празници доаѓаме до моето омилено–празнични тимски игри. Secret Santa ни е традиција веќе 5 години, а сé повеќе компании ја практикуваат и кај нас како игра за подарување чија цел е да покажеш колку го знаеш колегата на кој си му “Таен Дедо Мраз”.

За оние кои не ја играле Secret Santa функционира на следниот начин:

  1. Секој колега добива друг колега по случаен избор на кој му е Таен Дедо Мраз (ние за тоа ја користиме оваа апликација – се внесуваат сите колеги и кога сите ќе се приклучат, на секој член му стига името на кого треба да му купи подарок)
  2. Сите колеги купуваат подарок за својот човек и ги оставаат скришно во вреќата под елка (на подарокот го пишува името за кого е поклонот)
  3. Се собирате сите заедно на отварање поклони

Read More