6 години Grouper – 6.6 % cash back со Mastercard!

Празниците поминаа, но кај нас подарувањето не застанува! На 23ти јануари ќе ги извлечеме добитниците од Наградната Игра со Mastercard. Двајца среќни корисници кои купувале Grouper зделки со нивните Mastercard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 ќе добијат еден од двата смартфони  iPhone 7 и Samsung Galaxy S7! Извлекувањето ќе биде во живо во 18:00ч и ќе може да го следите на нашата Facebook страна.

За среќата да биде поголема наградната игра ќе ја завршиме со специјална Cash Back акција со Mastercard. Бидејќи на денот на извлекувањето го славиме и 6тиот роденден на Grouper на 23.01 и на 24.01.2017 за сите купени купони со Mastercard ќе добиете 6.6% Cash Back. Ова е нашиот начин да ве почастиме за нашиот 6-ти роденден!

Купувајте на Grouper со Mastercard картичка на 23.01 и на 24.01.2017 и 6.6% од потрошената сума за купените зделки ќе ви биде вратена на Вашиот Grouper профил!

Read More

Благодарност од тимот на најнаградуваниот и најдобриот сајт за е-трговија

Во саботата (24.12) традиционално се одржа манифестацијата Сајт на годината, оваа година 7ма по ред, каде се доделуваат награди на најдобрите сајтови во различни категории за годината која изминала. Со гордост сакаме да споделиме со вас дека Grouper.mk e официјално сајтот кој освои најголем број на награди! Оваа година за прв пат освоивме 4 награди во 4 категории и тоа: Read More

Современиот Дедо Мраз!

Времињата течат, работите се менуваат, нови технологии, нови трендови, мобилните веќе ги заменуваат десктоп уредите… таблетите ги заменија купиштата играчки, talking tom го замени чибичанот, децата не играат ни со виртуелни џамлии … а за тоа највеќе “жалат” родителите (жестоки дебати се водат дали детето да смее да гледа телевизија, да игра на таблет и колку време смее) додека на децата им е супер кул и уживаат додека растат со новите технологии. Read More

Најголемиот Black Friday – Петок 25/11! “Плаќаш најмалку – добиваш најмногу”

Петок. 25ти Ноември. Најголемото шопинг лудило. Најголемите попусти. Најниските цени. Онлајн на Grouper.mk од вашиот топол удобен дом или каде и да сте. Плаќаш најмалку – добиваш најмногу! Запишете, запамтете или ставете потсетник  зошто нема да сакате да ја пропуштите најголемата Black Friday акција во Македонија! Read More

Совети за поголемо уживање во “Недела на храна”

Секоја активност која ја креираме за вас, ја проследуваме со некој внатрешна игра или предизвик за да не се чуствуваме дека “нешто пропуштаме” 🙂 Плус, многу често добиваме прашања од типот “Добро вие во Grouper си купувате купони?” или агентите на пример би добиле прашање “А вие ги купувате зделките што ги склучувате?” и на се ова категорично одговараме едногласно ДА! Репер за ептен добра зделка е кога до 10:00 сабајле сите во канцеларија веќе ја имаме купено. Read More

Новогодишна резолуција

Времето лета, годините поминуваат, работите се менуваат! Измина уште една година и сега во овие последни денови од оваа година и ова празнично лудило и припреми за следната година, кој за дочек, кој за зимовање, кој за руска и кифли, времето како да лета уште побрзо. Ајде за момент да застанеме сите! Размислете за убавите моменти кои ги поминавте, за блиските пријатели со кои ги споделивте, за лошите одлуки кои ги направивте, за грешките кои не сакате да ги повторите, за ветувањата кои си ги дадовте и не ги остваривте, за целите што ги поставивте, за добрите зделки кои ги направивте! Read More

Grouper Недела на храна

По речиси 4 годишно постоење нашата политика за објава на зделки, ако сте забележале, е секогаш да понудиме разновидност. Односно во текот на една недела се трудиме да понудиме најразлични зделки во различни категории. Така на пример зделките на храна и пијалок се присутни со 1 зделка неделно најчесто. По еден гладен “brainstorming” на нашиот тим, дојдовме до идеја да направиме нешто поразлично – да ви понудиме храна и само храна оваа недела. Заборавете на готвење оваа недела и препуштете се на Grouper гастрономските искуства за сечиј вкус. Ви откриваме дел од зделките:

срочные займы в 18 лет Read More

Grouper.mk Android App

Имаме новина која сакаме да ја споделиме со сите Вас, а особено со корисниците на Android смарт уреди. Како лидер на пазарот на групни попусти и дневни зделки кој ги следи трендовите и новите технологии, изминатите неколку месеци ги посветивме на развој на мобилна апликација за Android и iOS. Првата лансирана апликација е за Android платформата со оглед на тоа што повеќе од 75% од нашите корисници кои користат смарт телефони за да купуваат на Grouper се Android корисници. За Apple корисниците ја очекуваме iOS апликацијата во Apple Store наскоро. Read More