9 години Grouper! Оваа година некако сме посебно чувствителни и разнежнети. Можеби дека изминатата година беше многу значајна за нас, можеби дека сме на крајот на првата декада од постоењето на Grouper, а можеби и зошто многу сакаме родендени. А знаете што оди рака под рака со нашиот роденден? – Златни зделки! А знаете Златни зделки без што не можат? Без нашите златни деца (читај Grouper тим) да ги обезбедат за вас!
Read MoreTag: родендени

Kids Week – недела посветена на најмилите + донации
Дечкии кое е првото нешто на кое ви текнува кога помислувате на вашето детство?
Овој период, почеток на септември, секогаш ме потсеќа на старт на школо…прибори, книги, па виткање книги во хартија, па дали ќе имам нови патики за прв ден, ранецот дали се скинал или ми треба нов и секако дружби и лудории со сите што не сме се виделе цело лето. Па после мемориите ме носат на детство, на игри на улица, народна, граница, школка, ластик, па игри по дома со барбики, коцки, карање со сестра/брат што е мое-твое, не лути се човече (секогаш се лутев), монопол и кој ќе биде банкар 🙂