Пролетно будење на вашиот тим – Игра, Дружење, Натпревар

Нешто што нé прави посебно среќни е можноста да се дружиме, забавуваме и натпреваруваме надвор од работната атмосфера. Обожаваме да креираме и испробуваме различни тимски активности во кои секој член од нашето Grouper семеjство може да се пронајде и забавува. Некогаш е потребно само добра идеја и позитивен дух за да се зарази целиот тим со позитивна енергија и желба за заедничка активност, дружба и знаења.

Ние сметаме дека колегите може да прераснат во пријатели, а тимот во најмоќно оружје на секоја компанија само доколку константно се вложува во негова едукација, надградба и дружби од секаков тип.

Кога сме кај делот дружби, не подразбираме само одење во кафана или afterwork cocktail party (што всушност e супер :)) туку и нешто повеќе и поразлично што би поткренало натпреварувачки дух, забава, борба за знаење и игра.

За таа цел оваа пролет решивме да ве мотивираме сите вас, тим лидови, сопственици на мали и големи бизнис да ги засукате ракаквите и да организирате тимска дружба за паметење. За да ви ја олесниме работата припремивме низа зделки по супер цена кои ќе ве поттикнат да го размрдате мозокот, тимскиот дух и да се забавувате заедно со колегите во малку поинаква атмосфера. Read More