Месец на убавина: Викенд Изненадување #1

Како што веќе ви најавивме во претходниот блог пост по повод Месец на Убавина & Релакс цел јули покрај зделки за убавина и релакс ќе биде исполнет со многу викенд изненадувања и подароци. Изненадувањата ќе ги откриваме насекаде > на блогот, на социјалните мрежи (FBInstagramTwitter, Snapchat)…

Read More

Учествувај во наградната игра и освој патување!

 

Не само што Недела на храна нуди еден куп сочни зделки за сечиј вкус, дополнително, ваквото гурманско уживање ви дава можност да се вклучите во натпревар и да освоите едно од 10-те патувања за двајца. Еве како: Read More

Grouper готви со #РетвитниОброк

Поезија за неуморниот тим на аматери готвачи #РетвитниОброк

Дечки и девојки,
вие аматери готвачи,
вие хумани души големи

Веќе година дена готвите,
срцата ни ги топлите

Храна на сите ни годи,
а нас попуст од рака ни оди,
така Grouper Недела на Храна се роди

Ќе готивме од душа со вас,
и ќе ве носиме на ручек со нас
Гурмански купони ќе ви подариме,
за ова добро дело да ве наградиме

Да сецкаме кромид со вас ич не ни е мака,
Тимот на Grouper ве сака!

Read More

Недела на храна со Grouper

Нашиот тим е секогаш гладен, а уште повеќе кога станува збор за вкусни зделки. Омиленото прашање во офис ни е “Што ќе јадеме денес?”. Гладни или најадени секогаш сме расположени за нови предизвици и креирање интересни активности за вас. Така кога љубовта и вештините на тимот ќе се спојат резултатот е ремек дело. Групери, на наше големо задоволство ви ја преставуваме… нејзино височество —> “Недела на храна”!  Read More

Прво провери на Grouper!

Пред 5 години имавме визија – “Grouper да стане првото место кое го проверувате кога сакате да правите било што, било каде, било кога”! Кога планирате патување, кога ви се расипал миксерот и потребен ви е нов, кога сакате да посетите нов ресторан, кога одите на роденден и ви треба подарок, кога сакате да правите нешто ново а не знаете што, кога имате желба за некое ново искуство, кога ви е потребна фризура, кога закажувате преглед на забар… Денес сме навистина горди што може да кажеме – што и да посакаш, Прво Провери на Grouper! 

Read More

10+ причини зошто да ја користите мобилната апликација

Во последнава година веќе над 30% од купувањата на Grouper се прават од мобилен. Овој прогрес секојдневно не мотивира да ја подобруваме и апдејтираме мобилната апликација со цел да ви го олесниме и подобриме шопинг искуството. Во старт, купување од мобилен има многу предности: купуваш од каде и да се, користиш купони без да печатиш, last minute подаруваш, резервираш патување, или праќаш купон на пријател за да ти го подигне производот што си го купил на попуст.

Ако сеуште не сте убедени дека купувањето од мобилната апликација ќе ви го олесни животот, тогаш погледнете ги следниве features кои се воедно и причини зошто да почнете секојдневно да ја користите мобилната апликација, а после тоа и да не можете без неа 🙂

Read More

Пролетно будење со Grouper

21ви Март го означува стартот на пролетта која носи свежина и надеж за нови искуства и почеток на нова сезона! Почнуваат да се кројат планови, резолуции, се будиме од зимскиот сон и размислуваме со промени за кои бевме инертни да ги отствариме додека траеше зимата. За да го забрзаме процесот и да ви ги олесниме плановите специјално по овој повод подготвиме нова кампања на пролетни зделки. Read More

Голем Љубовен Натпревар

Се наближува Valentine’s Day, Ден на вљубените, Ден на заљубените, или Ден на љубовта, како сакате. Ден кој што до сега го негирав. Си викам и девојка ми е hard-core, не се замара она со вакви глупости, и се што мислев дека треба да се купи е литро вино (што ја ќе го испијам), или еве нешто жестоко за ако се осеќам поавантуристички. Сепак ми е поприродно да си го славам Трифун. Read More

Груперска благодарност до сите вас!

Драги корисници, соработници и партнери! Сите вие сте дел од Grouper заедницата која заедно ја градиме, која расте и се развива со секоја една објавена зделка, со секој еден купен купон, со секое ново искусто, ново патување… од ден во ден, од година во година! Сите вас ве чувствуваме како наши пријатели со кои сакаме да споделиме убави моменти и радост. Радоста која ја споделуваме денес е поттикната од 2те награди кои ги добивме оваа година на изборот за сајт на годината. Read More

Black Friday! Кралот на попустите!

Овој петок на 27.11.2015 е најголемиот шопинг празник – BLACK FRIDAY! Може да се каже дека по минатата успешна Black Friday акција која ја изведовме на Grouper, овој ден е нашиот патронат. Ја делиме истата идеја и царуваме заедно со непобедливите попусти. Нашето мото е “Попуст на попустот”, а нашата премиса – “Кралот на попустите”. Read More