Предновогодишниот период е навистина еуфоричен во нашите канцеларии, првo зошто нели ”таков е периодот”, второ бидејќи во тек се припреми за мнооогу новогодишни зделки и подарoци, а дополнително веќе 4та година по ред имаме плус причина зa радост и славење зошто повторно го добивме мандатот од вас нашите верни корисници (гласачи). На 16.12.2017 беа презентирани за јавноста резултатите од последните “избори” за најдобрите сајтови во организација на Сајт на годината, каде Grouper се закити со 4 награди, од кои за прв пат беа 3 први места. И официјално, Grouper.mk беше најнаградуваниот сајт на овогодинешните избори, а еве во кои категории поточно ја имаме победата:)
groupermk

Гласајте за нас > Избори 2017 втор дел :)
Почитувани Групери,
Oва не е некоја нова информација за нашите кампањи, настани, или лудиот Black Friday. Oвој пат сакаме да споделиме дека се кандидиравме во нова изборна кампања. Годинава како за прв пат, оставивме одличен впечаток на локалните избори, понудувајќи нови млади имиња, кои 100% ги исполнија своите ветувања реалзирајќи одлична кампања за Македонија. (Кој не не видел еве подоле како изгледаше тоа) (more…)

Недела на храна official opening
Ние, Груперите, секогаш сме расположени за тимски дружби и седенки со по некој коктел, забaвни друштвени игри или креативни собиранки. Но една од главните работи што го поврзува Grouper тимот е присуството на секогаш големиот апетит и желбата за добра храна во било кое време и при секоја дружба. Бидејќи сме вистински хранољубци, кои со голема љубов и посветеност ја креираа Недела на Храна #СкопјеГурман, приредивме достојно отворање на најголемата гурманска кампања во градот, со дегустација на неколку зделки од скопските ресторани. (more…)

Weekend Educational Courses – online едукација со најниски цени!
Ако мислевте дека големото Weekend Shopping лудило заврши, brace yourself за уште едно груперско доживување по неодоливо ниски цени и екстремно високи попусти.
Како огромен поддржувач на знаењето, науката, учењето и новите вештини, Grouper ја смисли темата за овој викенд! Овој викенд е за умните глави, за ненаситните од знаење, за оние што знаат дека учењето е ин, знаењето е моќ, а smart is the new sexy!

Најсреќните добитници на наградната игра Smart празници со Grouper и Mastercard
Кога ќе се спојат две супер сили како Grouper и MasterCard да организираат наградна игра, не може да се очекува ништо помалку од одлична акција, журка со конфети и луди награди како Samsung Galaxy S7 и iPhone7! Со други зборови, Go big or go home, а ние дома не си одиме пред да донесеме широки насмевки на нашите верни Grouper корисници.
Како што ветивме на почетокот на Наградната игра со MasterCard, на 23.01.2017 година, во Facebook емисија во живо, ги извлековме двата најсреќни Grouper корисници кои купувале зделки со MasterCard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 и им ги доделивме најдобрите смарт телефони во моментот. Извлекувањето беше во наш стил, возбудливо, гласно, весело, откачено, фер и транспарентно. Скандиравме Мите, па скандиравме Соња и едвај чекавме да ги запознаеме и да им ги врачиме наградите.

6 години GROUPER – Златни зделки Vol.2
Grouper наполни 6 години! 6 години напорна работа, тимски дух, предизвици, 6 години грижа за нашите корисници, најголеми попусти, непобедливи зделки, нови искуства, 6 години влијание врз е-трговијата на Македонија, 6 години непрекината пасија, љубов и мотив за да бидеме најдобри за вас! За овие 6 години прераснаваме во големо семејство од 130.000 корисници и над 2000 соработнци. За 6 години освоиме 9 награди за Сајт на Годината, ама најголемата награда од сé ни била и ќе остане задоволството на нашите корисници. (more…)

31ви Октомври – Светски Ден на Штедењето
31ви Октомври е Светскиот Ден на Штедењето. Овој “празник” датира од 1924 година од првиот интернационален конгрес на штедните банки во Милано, Италија. Банкарски преставници од 29 земји сакале да покренат свесност и да ги поттикнат луѓето ширум светот да штедат (секако во нивните банки :))

Одбројуваме 100 дена до Нова година!
Дека сме љубители на шетање потврдивме со стотици активни зделки за патувања и секако со новата кампања Доживеј Ја Македонија, каде се надеваме дека ве поттикнавме да се вклучите во мала екскурзија низ земјава. Во меѓувреме лека полека го испративме летото (не би го надополниле со епитетите долго и топло) па како што е редот почнуваме со навремено планирање на патувањата за време на зимскиот период. Прво прашање што ни падна на памет е добро познатото”Каде за Нова година?” што ние почнуваме да го форсираме уште од сега

Доживеј ја Македонија со Grouper!
Кога последен пат сте биле во Битола? Вевчани? Преспа? Крушево? Кога во последно време ви текнало да ја “повторите” заборавената лекција по географија за каде поточно се наоѓаат Голак, Пониква или Моклиште? Време е после шетањето по песочни плажи и европски метрополи, вашиот Grouper водич да ве однесе на мала едукативна прошетка “дома”, зошто со почетокот на новата есенска сезона припремивме над 60 зделки од најубавите краеви на Македонија!

Наградени гурмани од #НеделаНаХрана
Драги Групери и официјално гоштевањето низ скопските ресторани и барови по повод Недела на Храна заврши. Се докажа дека Grouper тимот ја дели љубовта кон храната со над 1900 гурмани кои уживаа во дегустирање на највкусните зделки . Среќни сме што ја крунисавме акцијата со над 9200 продадени купони, а се надеваме дека успеавте да пробате многу нови вкусови и да си најдете ново омилено место за афтерворк дружба или неделен ручек со најблиските. Секако, за најнеуморните дегустатори кои имаа купено над 5 зделки и за оние кои со своите фотки од храна успеаа да ни предизвикаат глад и “лиги да ни потечат” заслужено следуваат награди – патување за 2ца, кои на почетокот ги најавивме.