Ова се најдобри ресторани од #СкопјеГурман2019

Дечки на нашата омилена кампања и дојде крајот, но вкусните зделки од повеќе од 60 ресторани сеуште ни се во срцето. Одбраните ресторани успеаа да ни приредат незаборавно гурманско уживање, врвна услуга и секако насмевки на лицата.

Откривме нови места, нови вкусови, имавме шанса да дегустираме и благо и солено, и што е уште поинтересно, да  гласаме за нашиот омилен ресторан и да ги избереме најдобрите скопски локали во различни категории.

Е па, ајде да видиме каде има највусна пица, паста или десертче мх мх…

Read More

СкопјеГурман: последната најубава мисија! #ДонирамеЗаедно

Драги наши групер гурмани, официјално ја заокруживме кампањата #СкопјеГурман со последната најубава мисија!

Цело лето дегустиравме вкусни специјалитети,  доживувавме нови места и ги скокоткавме вашите очи, нос и уста со повеќе од 100 неодоливи јадења од повеќе од 70 најдобри ресторани во Скопје!

Под мотото „Храна за сите“, го претворивме Скопје во најгурмански град, а, дека крајот го краси делото, говори акцијата со која официјално ја завршивме овогодинешната #СкопјеГурман Недела на храна. Како што знаете, во текот на кампањата, со секоја трансакција направена со картичките на Mastercard дониравме по 2 денари, па така сите вие Mastercard купувачи станавте мали херои кои заедно направивте големо дело. Секоја чест, Групери! займ онлайн без звонков Read More

ПОБЕДНИЦИ #СкопјеГурман! Најдобри ресторани 2018та!

Дечки, заврши и најголемата и највкусната Недела на храна #СкопјеГурман! Цел месец заедно откривавме нови места во градот и пробувавме нови вкусови и цел месец ниту еден гурман не остана рамнодушен, а уште помалку гладен!

Крајот на #СкопјеГурман го обележуваме со рекорден број на продадени купони, донирани 15.000 ден. во Банка за Храна, 900 изедени сладоледи и многу дегустаторски авантури.

Одбраните 70 ресторани испорачаа врвна услуга и секако – квалитетна храна и ни приредија вистински гурмански искуства! Дополнително, за да ги предизвикаме да бидат уште подобри, повторно и оваа година го поттикнавме натпреварувачкиот дух меѓу растораните со трката за Титулата Најдобар ресторан во својата категорија!

Read More

Гласање за најдобри ресторани! #СкопјеГурман

За време на #СкопјеГурман градот станува вистински повесел и пораздвижен! Нашите Групери го искусуваат градот со сите сетила, посетуваат места за прв пат и доживуваат нови вкусови, а секако сé ова по супер ниски цени! Оваа година подготвивме и вистинска мапа  со сите прекрасни ресторани од Недела на храна!

Очекувајте врвна услуга од нашите одбрани 70 ресторани и секако – квалитетна храна! И бидејќи Групер заедницата особено е пребирлива во однос на она што вкусно ќе добие со купон, решивме повторно да продолжиме со натпреварувачкиот дух меѓу рестораните и да им дадеме уште еден поттик да служат беспрекорно добра храна. (*Плус минатогодишните победници беа топ!)

И оваа година рестораните се во трка за титулата Најдобар ресторан во својата категорија! ГЛАСАЈ ТУКА.

Read More

Стани VIP Гурман и освоj патување! #СкопјеГурман

За нашата Недела на храна #СкопјеГурман да биде уште послатка и повозбудлива, како што најавивме, спремивме подароци за оние најгурманите!

Дефиниција за VIP Гурман: оние кои ќе пробаат најмногу вкусни гурмански задоволства, односно првите 10 кои ќе купат највеќе купони од Недела на храна – ќе добијат специјални подароци!

За да влезеш во натрпреварот за најголем број купени купони од #СкопјеГурман условот е да имаш купено минимум 5 различни зделки! Купувај што повеќе купони од Недела на храна и стани си наш Групер VIP Гурман!  Еве ја листата на подароци рангирана од прво до 10 место:
http://loans-cash.net Read More

Храна за сите! Донирај со Grouper и Mastercard #СкопјеГурман

Веќе 3 дена се грижиме да сте најадени и задоволни со најголемата гурманска акција за храна во градот #СкопјеГурман, со 100+ вкусни зделки во 70 одбрани ресторани! Идејата на кампањата е Скопје да го претвориме во најгурманското место со најдобрите специјалитети на попуст, под мотото „Храна за сите!“

Понесени од тоа мото, во склоп на кампањата го креиравме и планот за донации! Заедно со вас и со Mastercard се надеваме дека ќе ја постигнеме целта на кампањата, а тоа е сите се бидат сити овој месец.

За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка ќе бидат донирани 2 денари на оние на кои им е најпотребно, во Банка за Храна. Всушност, вкупната сума која ќе ја собереме со ваша помош е бројот на купени купони со Mastercard x2.

Read More

Стартува најголемата кампања за храна во градот! #СкопјеГурман

Среќни желудници на повидок! Помина цела година, едвај успеавме да дочекаме, но тука е, време е и се радуваме повеќе од било кога! Со голем апетит ве известуваме дека се ближи стартот на нешто многу вкусно, нешто возбудливо, нешто со многу изненадувања!

Најслатки наши Групери, на 4ти јуни почнува НАЈГОЛЕМАТА КАМПАЊА ЗА ГУРМАНИ! #СкопјеГурман значи 100 вкусни зделки во 70 одбрани ресторани. Цел месец најдобрите специјалитети на попуст! ГРАДОТ  ќе се претвори во најгурманско место со мени кои ќе ги полуди вашите сетила со разновидна домашна и интернационална кујна.

Read More

Победници од Фото Натпреварот #СкопјеГурман

Драги Групери, и дојде крајот и на најголемата гурманска акција Недела на Храна #СкопјеГурман. Кој купи купи, кој проба проба, кој не – има цела година да држи диета до следната кампања, зошто на пример некои од нас сериозно “удривме” на ненаситна дегустација на пици, бургери, суши, десерти 🙂 ама сега сме најадени и среќни и нема ништо подобро од тоа чувство.

Read More

ГРАТИС Акција за прави гурмани: КУПИ 4 добиј 5!

Веќе над 20 дена се грижиме да сте најадени и задоволни со најголемата гурманска акција за храна во Скопје – Недела на Храна. Она по што сме познати е (покрај подароците за Фото Наптреварот кои се спремни) да “извадиме” некое изненадување во последен момент, специјално за вас!

Гладни ли сте уште? А спремни ли сте да дознаете што е?

Само оваа среќна среда (28ми јуни) за купени минимум 4 купони од зделките од Недела на Храна добивате 5ти купон гратис изненадување од нас, исто така за храна!

Значи само денес, доколку купите било кои 4 купони од зделките за храна —> Видете ги сите зделки ТУКА, добивате 5ти гратис вкусен купон – изненадување од нас. 4те купони може да бидат од една иста зделка или од повеќе различни зделки за храна, изборот е ваш, послушајте си го апетиот! 🙂

Сите купони за изненадувања ќе бидат испратени до вас во текот на утрешниот ден (29ти јуни)

Епа пуштете се во избор на вкусно мени, а ние ќе го надополниме со гурманско изненадување!

Добар апетит!

Вашиот Grouper

 

Совети за поголемо уживање во “Недела на храна”

Секоја активност која ја креираме за вас, ја проследуваме со некој внатрешна игра или предизвик за да не се чуствуваме дека “нешто пропуштаме” 🙂 Плус, многу често добиваме прашања од типот “Добро вие во Grouper си купувате купони?” или агентите на пример би добиле прашање “А вие ги купувате зделките што ги склучувате?” и на се ова категорично одговараме едногласно ДА! Репер за ептен добра зделка е кога до 10:00 сабајле сите во канцеларија веќе ја имаме купено. Read More