Гласање за најдобри ресторани! #СкопјеГурман

За време на #СкопјеГурман градот станува вистински повесел и пораздвижен! Нашите Групери го искусуваат градот со сите сетила, посетуваат места за прв пат и доживуваат нови вкусови, а секако сé ова по супер ниски цени! Оваа година подготвивме и вистинска мапа  со сите прекрасни ресторани од Недела на храна!

Очекувајте врвна услуга од нашите одбрани 70 ресторани и секако – квалитетна храна! И бидејќи Групер заедницата особено е пребирлива во однос на она што вкусно ќе добие со купон, решивме повторно да продолжиме со натпреварувачкиот дух меѓу рестораните и да им дадеме уште еден поттик да служат беспрекорно добра храна. (*Плус минатогодишните победници беа топ!)

И оваа година рестораните се во трка за титулата Најдобар ресторан во својата категорија! ГЛАСАЈ ТУКА.

Read More

Храна за сите! Донирај со Grouper и Mastercard #СкопјеГурман

Веќе 3 дена се грижиме да сте најадени и задоволни со најголемата гурманска акција за храна во градот #СкопјеГурман, со 100+ вкусни зделки во 70 одбрани ресторани! Идејата на кампањата е Скопје да го претвориме во најгурманското место со најдобрите специјалитети на попуст, под мотото „Храна за сите!“

Понесени од тоа мото, во склоп на кампањата го креиравме и планот за донации! Заедно со вас и со Mastercard се надеваме дека ќе ја постигнеме целта на кампањата, а тоа е сите се бидат сити овој месец.

За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка ќе бидат донирани 2 денари на оние на кои им е најпотребно, во Банка за Храна. Всушност, вкупната сума која ќе ја собереме со ваша помош е бројот на купени купони со Mastercard x2.

Read More