Најдобрите помеѓу најдобрите на #СкопјеГурман2023

После 30+ дена мезење, макање, јадење и понекогаш мини прејадување, дојде крајот на нашата највкусна кампања – #СкопјеГурман2023!

Можеби нашата омилена кампања заврши, но мирисот и вкусот на најсочните зделки кои “продефилираа” низ главниот град во последниве месец дена, сѐ уште ги чувствуваме и носиме во срцето, а и во душата. 

Во изминатиов период дегустиравме старо-нови вкусови, пробавме нови рецепти и јадења, а ниту еден гурман не остана рамнодушен, а уште помалку гладен низ локалите-учесници во Скопје.

Кога сме кај локалите, не смееме, а да не споменеме дека одбраните локали приредија незаборавно гастрономско уживање, врвна услуга и изнудија безброј насмевки на лицата на задоволните гурмани.

Е па, ајде да видиме каде има највусна пица, бургер, паста, сендвичи мх, мх, мх…

Во текот на кампањата, организиравме гласање на најдоброто од #СкопјеГурман, во кое на фер и демократски начин секој можеше да го даде својот глас за најдоброто во седум различни категории. За сè да биде регуларно, еден корисник смееше да гласа за само еден избор во соодветната категорија.

Гласањето заврши, а ова е официјалната листа на локали-победници според гласовите на гурманите.

Листа на победници 👇

Дополнително најпродавана зделка во кампањата беше на Слаткограм, а пак за најпопуларен локал беше одбран ресторан Дион Аеродром.

Како за крај, честитки на отворена сцена одат за:

  • Нашите верни соработници, на кои од срце им заблагодаруваме што ја збогатија кампањата и ја направија повкусна од било кога;
  • Локалите-победници од гласањето, аплауз за заслужената и ферска победа и
  • Најголема благодарница оди кај оние кои го дадоа својот глас!

Ви благодариме на сите Grouper јадачи и соработници за оваа незаборавна и најгурманска кампања во главниот град  #СкопјеГурман 🫶

Стани VIP Mastercard Гурман и освои бројни подароци!

Традиционално, #СкопјеГурман не би била нашата најголема кампања, ако немаме супер-вкусни и интересни изненадувања (читај: подароци) за нашите најверни фанови – ВИЕ!

Океј, што е изненадувањето? Епа дечки, се работи за најгурманскиот натпревар во Скопје или VIP Mastercard гурман.


Како да учествувам?
Купувај што повеќе зделки за храна од #СкопјеГурман со твојата Mastercard картичка, посети што повеќе локали и рангирај се во првите 10!

Како и што можам да освојам?
Првите 10 гурмани рангирани по најголем број на купени зделки ќе добијат еден од следниве 10 подароци:

Дефинитивно листата на подароци е дополнителна мотивација да ги пробаш сите вкусни специјалитети од нашето мени!

Можеби денес си расположен/а за сочен бургер? Или пак вкусна пица? Или пак можеби некое фино и вкусно десертче?

Дополнително, со секое купување на зделките од #СкопјеГурман со Mastercard картичка донираш по 2 денари во храна за оние на кои им е најпотребно! #ХранаЗаСите.