Драги наши групер гурмани, официјално ја заокруживме кампањата #СкопјеГурман со последната најубава мисија!
Цело лето дегустиравме вкусни специјалитети, доживувавме нови места и ги скокоткавме вашите очи, нос и уста со повеќе од 100 неодоливи јадења од повеќе од 70 најдобри ресторани во Скопје!
Под мотото „Храна за сите“, го претворивме Скопје во најгурмански град, а, дека крајот го краси делото, говори акцијата со која официјално ја завршивме овогодинешната #СкопјеГурман Недела на храна. Како што знаете, во текот на кампањата, со секоја трансакција направена со картичките на Mastercard дониравме по 2 денари, па така сите вие Mastercard купувачи станавте мали херои кои заедно направивте големо дело. Секоја чест, Групери! займ онлайн без звонков Read More