Превенцијата од рак на грло на матка почнува сега!

Оваа приказна ја започнуваме со една есенцијална и моќна мисла – благодарение на напредната медицина ниту една жена во 2023 година не треба да ја води битката со рак на грло на матка!

Зошто го кажуваме ова? Затоа што на годишно ниво од рак на грло на матка починуваат преку 300.000 жени во светот, односно на секои 2 минути оваа болест зема по една жртва. Ракот на грлото на матката е четврти најчест канцер кај жените. 

Знаејќи ги овие фрапантни и крајно непопуларни факти, многу е важно отворено да се збори на оваа тема (особено кај баба-мајка-ќерка односите), затоа што појавата и евентуалниот развој на оваа болест може да се спречи/забави со редовно одење на гинеколошки прегледи, правење ПАП тестови, внимателно бирање на љубовните партнери, добрата исхрана и општата грижа и нега за сопственото здравје! 


Подобро да спречиш, него да лечиш!


Океј, најверојатно веќе имаш јасна слика за што треба да правиш, па затоа ајде да се префлриме на детално и подробно објаснување на што е рак на грло на матка, колку оваа болест е распостранета низ светот, причини за настанување, ризик-фактори и друго. Време е за едукација! 

Што е рак на грлото на матката или цервикален карцином?

Mалигно заболување (вид на рак) на грлото на матката. Пенетрирањето на малигни клетки преку базалната мембрана и нивната инфилтрација во стомата на грлото на матката се дефинира како рак на грлото на матката.


Што се случува со болеста во светски рамки?
Заради рак на грлото на матката умираат преку 300.000 жени односно на 2 минути една жртва зема болеста. Ракот на грлото  на матката е четврти најчест рак кај жените.


Зошто настанува?
Најчесто заради инфекција со вирус со име хуман папилома вирус – HPV. Кај 99,7% од случаите со рак на грлото на матката биле инфицирани со HPV.


Што е HPV?
Вид на вирус, кој воедно е и најчеста вирусна инфекција на репродуктивниот тракт на двата пола. Постојат повеќе од 150 типови. Два од нив се најчестата причина за развивање на рак на грло на матката. Над 70%  од ракот на грлото на матката и преканцерозните лезии се резултат на вирусите – HPV-16 и HPV-18. Истиот се пренесува преку сексуален контакт, особено доколку партнерот/партнерката има генитални брадавици. Може индиректно преку контаминирани предмети или површина. Покрај на грло на матката HPV може да предизвика рак на половите органи на двата пола.


А, дали има други ризик фактори?
ДА! Пушење, генетски фактори, инфекција со ХИВ, хламидија, херпес симплекс, гонореа, примена на контрацептивни средства, рана возраст на прв сексуален однос, повеќе сексуални партнери, машки партнер со повеќе претходни сексуални партнерки, повеќеротки, начин на исхрана, хронична имуносупресија и друго.


Кои би биле симптоми на ракот на грлото на матката?
Раниот цервикален карцином е често асимптоматичен. Доколку има локално напредната болест може да предизвика симптоми, како што се абнормално вагинално крвавење, како и посткоитално крварење, коитална болка (диспареунија), лачење секрет, болки во карлицата и друго.


Горе-доле ова би биле основните информации за оваа болест, но можеби најважниот фактор за останување здрава е редовното одење на гинеколошки прегледи (разгледај ја богата понуда тука), правење анализи за сексуално преносливи болести, HPV и слично, генетски тестови за потенцијални болести, правење ПАП тестови, испитување на репродуктивни хормони и општо комплетна и редовна грижа за сопственото здравје, затоа што еден живот имаме! 

Како за крај, мора да споделиме една позитивна вест, а тоа е дека со помош на медицинско-технолошките иновации и напредната наука, ракот на грло на матката може значително полесно, побрзо и поефикасно да се пронајде и навремено да се сопре неговото ширење! Како? Со редовни прегледи, со кои може да се открие присуството на HPV вирусот, последната станица пред појавата на рак на грло на матка. 

Знаејќи ги горните факти, денес е многу полесно да се идентификуваат жените кои се под ризик, многу порано пред да се развие инвазивниот карцином. 

Затоа, ајде заеднички да ја пренесеме веста за важноста на скринингот на грлото на матката и улогата што ја игра HPV вирусот кај ракот на грлото на матката.

Не чекај, закажи преглед и остани здрава!

Со љубов,
Тимот на Grouper 💗

Неколку совети за како да се подготвиш за здраво лето… од дома.

После пролет, која оваа година се однесува како есен, следува лето, период на летни одмори, релаксирање од секојдневниот стрес на работа и вистинско уживање, но и период кој бара соодветна подготовка и истражување за безгрижно одмарање.

Па по тој повод, за да не луташ непотребно по интернет просторот, од наша страна ти подготвивме краток прирачник со неколку совети за како да останеш здрав/а и соодветно да се подготвиш за престојните летни денови од дома, т.е. 100% онлајн, 100% сигурно и безбедно! Одиме со ред!


Во здраво тело, здрав дух

Ќе претпоставиме дека веќе си во напредна фаза на твојот тренажен процес кој опфаќа сериозни физички подготовки за имање на перфектно тело за на плажа! Тоа е одлична мисија, но што правиме со есенцијалните, а не толку зборувани (како што се протеин, креатин и други) додатоци во исхраната без кои општото човеково здравје е нецелосно?  

Бидејќи изборот во оваа категорија е голем колку нашата галаксија, како за почеток наша препорака е да почнеш со SOLGAR Магнезиум цитрат, витален минерал за целото тело, SUPERDIET Целимине био, комплекс на база на 6 растенија, овошје и јаболков оцет, совршен микс за природно слабеење, елиминација на вода и детоксикација на организмот и EASYVIT Easyfishoil Омега 3 + витамин Д, топ избор за одржување на нормална функција на мозокот и за нормален вид. 

Кај да ги најдеш? Прошетај се до богато опремената онлајн продавница на Зегин, твојата омилена семејна аптека и одбери ја добитната комбинација за супер-здраво лето.


Одмори се од алергиите

Моментално се наоѓаме во цутот на алергиите и алергиските реакции. Луѓето кои патат од овие медицински феномени, знаат што значи да се будиш и легнуваш со затнат нос, константно иритантно внатрешно чешање и 100% неудобно чувство. 

Краен лек за оваа здравствена состојба сѐ уште не е пронајден, па додека чекаш да го измислат, провери ги нашите препораки како што е PRANARÔM Allergoforce Спреј за нос, MARNYS Алерхелп, SOLGAR Кверцетин плус и другите анти алергиски лекови, достапни на Зегин Онлајн. Дозволи си скоро-па-безгрижно лето… без да има потреба да излегуваш од дома.


За сигурно и безбедно сончање

Некој ужива во максимално “трошење” на денот на плажа, друг користи една половина од денот за плажирање, трет ¼, а некој пак сака само да набљудува, удобно сместен/а во некоја дебела сенка на својата омилена патувачка дестинација

Без разлика кој и да си ти, за сите категории на луѓе задолжително е користење на спреј за заштита од сонце, без пардон! 

За таа цел, наша препорака е да ги провериш продуктите како на пр. FREZYDERM Sun Screen Безбоен спреј за заштита од сонце, FREZYDERM Sun Screen Нијансиран крем за лице, FLEURANCE Алое Вера гел и други дерматолошки производи, достапни со само еден клик на Зегин Онлајн

Како за крај, Остани Здрав/а и знај дека здравјето и грижата за телото и умот треба да ни се прв и единствен приоритет! 

Како се натерав да вежбам од дома?

Искрено, никогаш не сум била спортски тип, што значи дека секогаш сум имала одбивност кон вежбање, па секако сум се мотивирала себеси да вежбам само поради здравствен бенефит. Порано кога одев на вежбање после работа, цел ден го мислев терминот, како ќе ми биде тешко, дали сум јадела соодветно, дали ќе бидам преморена после тоа и многу други слични мисли ми се вртеа низ глава. Највеќе од сé секако го мразев моментот кога некој ќе ме викне на кафе, театар, дружба или седенка и ќе морав да одбијам зошто сум на вежбање 🙁 Вежбањето го гледав како обврска, а не како избор, незнаејќи дека тоа ќе се смени комплетно преку ноќ.

Read More