Дестинација спомени.
Дестинација љубов.
Дестинација дома.
Дестинација Македонија. ♥️

Дестинација спомени.
Дестинација љубов.
Дестинација дома.
Дестинација Македонија. ♥️
Дечки, без никаква посебна увертира сакаме да ви пренесеме голема возбуда. На 21ви јануари Grouper полни 8 години! Бројка која за нас е полна со искуства, полна со лекции, со љубов, со труд! 2.920 денови и ноќи поминати во идеи и реализација не донесоа до овој ден – роденден, кој и тоа како сакаме да го прославиме заедно со вас.
Веќе знаете дека е во тек кампањата Дестинација Македонија и во канцеларија тоа ни е главна тема, само едно нешто не си кажавме – кои зделки се идеални за нас? Така и ми текна да го направам тестов и сите се смееме на резултатите, кој би рекол дека Вики е „романтичарот”, а Лина од маркетинг „сонувачот”?
Пронајди се во една од реченициве и откриј каков „travel” стил имаш
Grouper наполни 6 години! 6 години напорна работа, тимски дух, предизвици, 6 години грижа за нашите корисници, најголеми попусти, непобедливи зделки, нови искуства, 6 години влијание врз е-трговијата на Македонија, 6 години непрекината пасија, љубов и мотив за да бидеме најдобри за вас! За овие 6 години прераснаваме во големо семејство од 130.000 корисници и над 2000 соработнци. За 6 години освоиме 9 награди за Сајт на Годината, ама најголемата награда од сé ни била и ќе остане задоволството на нашите корисници. Read More
Наоѓањето на соодветен подарок за сите сакани кои ги имате на листата за празниците може да биде вистински предизвик. Сите сакаме да даваме и да примаме подароци, (некои повеќе едното, некои другото) ама има некои ситуации во кои сите сме се нашле при овој процес на подарување. Дали вие сакате да знаете искрено кога некому не му се допаѓа подарокот кој сте му го купиле? 🙂 Дали ви пречи ако лицето сака да го замени подарокот?
Минатата недела, во средата (среќен ден), 24ти Август достигнавме ПОЛОВИНА МИЛИОН продадени купони!
По тој повод, го лоциравме купувачот на 500.000-иот купон и решивме да го пречекаме со изненадување во нашите канцеларии. За меракот при подготовка на подарокот биде уште поголем, ни се наполни душата кога видовме дека среќниот купувач е со нас од самите почетоци т.е. од 2011 година и до сега има купено 131 купон преку 55 зделки… и тоа од храна, здравје, убавина до роденденски прослави, најразлични производи за себе и за домот и патувања. Read More
Одењето на тим билдинг патувања некако ни е традиција и тоа не еднаш туку два пати годишно, и зима и лето (а разлислуваме да поднесеме предлог закон за задолжително организирање тимски дружења на 2 месеци). Накратко, тоа се одлично испланирани три дена каде 24h ги зајакнуваме, градиме или доградуваме нашите пријателски односи и колегијални врски, каде со сигурност ги запознаваме сите неоткриени таленти на нашите колеги (посебно поттикнати од мастерот т.н алкохол), каде се раѓаат најдобрите out of the box идеи, се шират шеги што се користат до следната дружба и секако како што и самото име кажува задолжителното ги “билдаме” стомачните мускули од смеа 🙂 Read More
Среќа е многу често проучувана тема, ќе речете можеби е дури клише, ама не може да се оспори дека е главен мотив на постоењето – да бидеме среќни. Некој рекол дека среќа е кога она што го мислиш, кажуваш и правиш се во меѓусебна хармонија. Среќа е состојба на умот која се дефинира со позитивни емоции. Сепак, наместо да ја дефинираме среќата, ајде да ја поттикнеме. Нашиот тим размислуваше како се поттикнува среќа и дојдовме до некои заклучоци, меѓу кои: