Стартува најголемата кампања за храна во градот! #СкопјеГурман

Среќни желудници на повидок! Помина цела година, едвај успеавме да дочекаме, но тука е, време е и се радуваме повеќе од било кога! Со голем апетит ве известуваме дека се ближи стартот на нешто многу вкусно, нешто возбудливо, нешто со многу изненадувања!

Најслатки наши Групери, на 4ти јуни почнува НАЈГОЛЕМАТА КАМПАЊА ЗА ГУРМАНИ! #СкопјеГурман значи 100 вкусни зделки во 70 одбрани ресторани. Цел месец најдобрите специјалитети на попуст! ГРАДОТ  ќе се претвори во најгурманско место со мени кои ќе ги полуди вашите сетила со разновидна домашна и интернационална кујна.

Read More

7цата е среќен број, а зделките се златни!

Опсесијата со бројки е многу честа појава 🙂 Секој има среќен број и по некој бакзусен кој го избегнува. Денес на тапет е бројот 7. Седмицата во нумерологијата значи перфекција. Стабилност. Виножитото има 7 бои. Неделата има седум дена. Седум се џуџињата на Снежана. Во Јапонија има 7 среќни богови, а во Вегас статуа од 7 среќни девојки. Збирот на спротивните страни од коцката е секогаш 7. Магично, нели?

Read More

5 години соработка со КРУСЕЛ! Подароци за сите!

Нашите соработници си ги сакаме исто како нашите корисници! Без нивната поддршка попустите нема да се толку јаки и зделките толку неоддоливи. Еден таков соработник вреден за медал е и Крусел! Оваа година правиме јубилеј  –  5 години од нашата заедничка соработка. За да нагласиме дека Крусел е заедно со нас од почетоците само ќе кажеме 6 години Grouper – 5 години одлична соработка со Крусел.

Read More

Наградени гурмани од #НеделаНаХрана

 

Драги Групери и официјално гоштевањето низ скопските ресторани и барови по повод Недела на Храна заврши. Се докажа дека Grouper тимот ја дели љубовта кон храната со над 1900 гурмани кои уживаа во дегустирање на највкусните зделки . Среќни сме што ја крунисавме акцијата со над 9200 продадени купони, а се надеваме дека успеавте да пробате многу нови вкусови и да си најдете ново омилено место за афтерворк дружба или неделен ручек со најблиските. Секако, за најнеуморните дегустатори кои имаа купено над 5 зделки и за оние кои со своите фотки од храна успеаа да ни предизвикаат глад и “лиги да ни потечат” заслужено следуваат награди – патување за 2ца,  кои на почетокот ги најавивме.

Read More

Новогодишна резолуција

Времето лета, годините поминуваат, работите се менуваат! Измина уште една година и сега во овие последни денови од оваа година и ова празнично лудило и припреми за следната година, кој за дочек, кој за зимовање, кој за руска и кифли, времето како да лета уште побрзо. Ајде за момент да застанеме сите! Размислете за убавите моменти кои ги поминавте, за блиските пријатели со кои ги споделивте, за лошите одлуки кои ги направивте, за грешките кои не сакате да ги повторите, за ветувањата кои си ги дадовте и не ги остваривте, за целите што ги поставивте, за добрите зделки кои ги направивте! Read More