Истражи по дома, истражи ја Дестинација Македонија 2023!

Водејќи се според една стара и добропозната македонска изрека “Кај и да си, за X повод дома да си”, те советуваме месеците септември и октомври да ги планираш за патување и истражување на убавините и вкусот на твојата дома – Македонија.

Зошто? Затоа што на ниту едно место во светот не е како дома, а знаејќи го овој факт, дефинитивно еден од начините за најдобро доживување на природните убавини, бројните знаменитости и енергијата која ја генерира нашата држава е шетање, искусување и доживување на сето она што го нуди нашата омилена Дестинација Македонија.

Поттикнати и инспирирани од горните факти, емоции и сеќавања, овој септември повторно ќе се потсетиме на чувството на припадност преку најголемата патувачка кампања која искрено некако најмногу ни лежи на срце на сите – Дестинација Македонија (разгледај ги понудите тука)

9та година по ред специјално за тебе креираме интерактивен и корисен водич од 80+ зделки со уште послатки (читај: пониски) цени од вообичаено за патувања низ Македонија – ајде да го видиме, прошетаме и искусиме нашиот единствен дом!


За да не луташ со барање на информации за кампањата, во прилог следува сé што треба да знаеш за најголемата патувачка кампања за хотели и сместувања низ цела Македонија:


*Позитивни аспекти од вклучување на Вашиот бизнис во Дестинација Македонија

  • Масовна промоција на сместувачки капацитет со база од 300.000+ посетители.
  • Персонализирана кампања за вашиот бренд од искусен маркетинг тим и
  • Комплетен брендинг и промоција на нашите социјални медиуми

Стапи во контакт со нашиот тим преку попoлнување на следната ФОРМА.


Од најпродавани хотели и уникатни традиционални вили, преку авантури на вода (базенирање, нуркање), копно (јавање коњи, вело тура) и горе на небото, до истражување на природните убавини на нашата држава сместени во најдобрите сместувачки капацитети, Дестинација Македонија ти нуди сѐ на едно место, без пардон!

Од север до југ, од исток до запад, сега е совршен период да отидеш на едно прекрасно патување низ Македонија каква што не ја познаваш!

Летувај со Grouper: Каде, Што и Како?

П – како плажа, П – како планина, П – како понуда и П – како партали се четирите основни намени на буквата “П” без кои не поминува ниту една летна сезона, база за лето исполнето со разно-разни активности кои дефинитивно ќе допринесат за имање лето кое ќе остане врежано во твојата меморија… подолго од очекуваното!

Океј, тоа го дефиниравме, ајде сега да видиме како можеме да ти помогнеме за исполнување на сите 4 предуслови за да имаш лето кое ќе го памтиш како азбуката.
Ќе почнеме со пар предлози за плажирање, дел на море, дел на езеро, па потоа ќе се префрлиме на давање идеи и конкретни понудиза планинско-селски туризам, па потоа крај ќе ти дадеме неколку решенија за адреналински туризам и на крај одиме со целата палета на патувачко-авантуристички понуди за драма лето.


П – како Плажа 🌊

Значи, имаме да понудиме од карпа и бетонирана плажа до најситен грчки песок и сериозно добра журка на плажа. Каде? Бирај од Македонија, Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора, БИХ, Хрватска и уште пар дестинации кои нудат атрактивни понуди кои тешко можеш да ги искусиш во една летна сезона. Остај некоја идеја и за следно лето 😉

П.С. Не заборавај да ги понесеш 5-те модни додатоци за лето 2023


П – како Планина ⛰️

Следно на менито ни се летни авантури на чист воздух, горе во планините, на облаците. 

Тука можеш да бираш помеѓу Маврово, Попова Шапка, Банско, Копаоник, Тара и останатите кул понуди за разладено лето на чист воздух во услови на апсолутна тишина. 


П.С. Те замолуваме да провериш што да спакуваш за твоето следно патување.


П – како Партали 🪂

Претпоследно на менито за денес ни се адреналинско-авантуристички понуди, дефинитивно нешто што не смееш да го пропуштиш. Зошто? Затоа што еден ден ќе се каеш. 

Јавање коњи на Галичник, рафтинг на Тара, летање со параглајдер над Скопје, или АТВ тура низ Галичица, што и да одбереш нема да погрешиш. 


П.С. Резервирај си авантура која ќе ти го направи летото сѐ, само не уште едно обично лето.


П – како Понуди на летото ⛱️

Како за крај одиме со целата палета на патувачки понуди кои повеќе од сигурно ќе ти го разубаваат, разиграат и размрдаат летото. Од плажа, планина и езеро, па сѐ до еднодневни тури, урбани прошетки и адреналински авантури. Трк на линкот и одбери што ти душа сака.

Ти посакуваме убаво, среќно и топло лето кое ќе ти ги наполни батериите за остатокот од годината  🧡

Искрено твој,

Тимот на Grouper 🤟

Есенцијални работи што треба да ги спакуваш за твоето следно патување!

Сите сме согласни дека сезоната за патување официјално е отворена! 

Но, тоа со себе носи други дилеми, трилеми и неодлучни мисли за тоа што треба да се понесе на едно патување, а да не изгледа тој процес како една масовна преселба на народите. 

Аналогно на горната изјава, за да не се мачиш и да правиш списоци на лист хартија, во телефон за што сѐ си спакувал во куферот кои некако магично ги губиш, забораваш дома пред да тргнеш или едноставно не се водиш по нив и пакуваш пола живот за викенд во Грција, ти спремивме текст за најважните работи што треба да ги понесеш на твоето следно патување, во зависност од тоа кај планираш да одиш и што ќе правиш таму.

Read More

#ДестинацијаМакедонија: 6-та година по ред Grouper ве води на патување низ Македонија

Пред неколку месеци кој би помислил дека ова лето ќе го поминеме дома. Обично кога и да дојде лето сите се спремаме за долго очекуваниот одмор, бираме дестинации, бираме нова летна облека, денови и денови поминуваме во потрага по совршена дестинација…

Но најчесто “не се свртуваме позади аголот” и не размислуваме дека всушност се што ние сакаме и бараме од еден одмор ни е на дофат.

Read More

Пролетно будење на вашиот тим – Игра, Дружење, Натпревар

Нешто што нé прави посебно среќни е можноста да се дружиме, забавуваме и натпреваруваме надвор од работната атмосфера. Обожаваме да креираме и испробуваме различни тимски активности во кои секој член од нашето Grouper семеjство може да се пронајде и забавува. Некогаш е потребно само добра идеја и позитивен дух за да се зарази целиот тим со позитивна енергија и желба за заедничка активност, дружба и знаења.

Ние сметаме дека колегите може да прераснат во пријатели, а тимот во најмоќно оружје на секоја компанија само доколку константно се вложува во негова едукација, надградба и дружби од секаков тип.

Кога сме кај делот дружби, не подразбираме само одење во кафана или afterwork cocktail party (што всушност e супер :)) туку и нешто повеќе и поразлично што би поткренало натпреварувачки дух, забава, борба за знаење и игра.

За таа цел оваа пролет решивме да ве мотивираме сите вас, тим лидови, сопственици на мали и големи бизнис да ги засукате ракаквите и да организирате тимска дружба за паметење. За да ви ја олесниме работата припремивме низа зделки по супер цена кои ќе ве поттикнат да го размрдате мозокот, тимскиот дух и да се забавувате заедно со колегите во малку поинаква атмосфера. Read More