Како помина 2018-та?

2018-та беше многу интересна година за Grouper. Во изминативе 365 дена се случија многу повеќе од 365 работи 🙂 Да работиш во Grouper значи динамика, значи пасија, значи брзо темпо значи учење нешто ново секој ден.

Оваа година беше предизвикувачка, турбулентна, прогресивна, со еден збор…Нема еден збор за оваа година! Оваа година Нина стана Forbes30Under30. Во 2018-та го прославивиме 7миот роденден со Златни зделки, го организиравме првиот Онлајн Саем за Мебел, подарувавме Cashback со Mastercard, ги нагостивме гурманите, дониравме храна, повторно откривме нови места низ прекрасната Македонија, се боревме со рекордите за Black Friday, добивме огромно признание за Најдобар Сајт во Македонија за 2018-та, игравме многу тимски игри, МНОГУ МНОГУ тимски игри, работевме многу часови, дознавме многу нови работи.

2018-та ти благодариме за секој ден и за секое ново искуство, 2019-та спремни сме за тебе!

Погледнете што се случуваше во 2018-та!

 

Првиот онлајн саем за мебел на Grouper.mk

Докажавме дека сме први во реализација на најдобрите онлајн кампањи почнувајќи од незаменливиот Black Friday, уникатната кампања за Македонија – Дестинација Македонија, Недела на Храна и многу други, кои не прават препознатливи по тоа што на едно место ги вклопуваме најдобрите компании во својата област со непобедливи и атрактивни зделки.  Read More